Незаменливата македонска кујна

0

Во земјава низ годините народот создал многу нешта кои денес се традиција. Едно од најубавите наследства кои ги имаме се традиционалните и неповторливи рецепти за неверојатни кулинарски креации. Од месено и тегнато до варено и печено. Вкусни специјалитети од кои никогаш не е доста…

Ајвар

4cfa1e41-bf13-4f78-a374-428bcbe3738b

Ова извонредно јадење се приготвува од исклучително дебели и големи црвени пипреки чии мирис при печењето ќе ве изгладни како никогаш да не сте јаделе. Најдобро се конзумира кога сте сами и имате топло и крцкаво домашно лепче печено во фурна и биено сирење.

Македонско гравче тавче

a1ecfeba-2d74-4402-85a5-2b2b108d38b5

Гравче со многу кромид, црвени пиперкки, магдонос… Совршена комбинација во земјена тава.

Штипска пастрмајлија

392bca5b-4007-4b22-83f5-f75ba5019955

Приготвена од итрите Штипјани кои со години ја кријат тајната за ова богатство од храна, со дебели и крцкави краеви и преполнa со ситни коцки месо, зачинетa со многу итрина и тајни, штипската пастрмајлија нема да дочека ни да се излади пред да заврши во нашите гладни стомачиња.

Ѓомлезе

42ecd968-b761-4b6c-9e56-f62719c5e631

Некои го викаат ѓомлезе, други тури-потпечи. Како и да го наречете тоа има вкус кој ќе ве прогонува секој миг и ќе ве убедува да не запирате. Ништо не може да го замени оригиналниот рецепт на нашите баби кои го приготвуваат со толку многу љубов.

Бакрдан

934E72D8D7688842965A071493D1E6C2

Иситнетото подварено пченкарно брашно е идеално да го вкусите со сланина приготвена на скара, а салото потопено во ситните топченца од пченичното брашно.

Мусака

musaka

Муската е традиционално македонско јадење со отоманско потекло. Совршена за во недела, кога цело семејство се собира на маса. Во неа толку малку состојки, а околу трпезата толку среќни луѓе…

Сарма

1985fc5c-6c64-4f2e-b77e-1af3807c7e83

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења. Може да се подготви со зелка, пресна или кисела, со лозов лист или листови од штаве. Зборот сарма има потекло од турскиот јазик и означува „да се свитка“.

Охридска пастрмка

2fe32bec-1b04-4e86-8f89-4572b190eb98

Некои локални називи на оваа риба се летница, струшка пастрмка, охридска белвица. Највкусна е кога се јади во традиционален охридски ресторан со поглед на езерото, приготвена од вешти готвачи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот