Невообичаени примени на памукот

0

Сите по дома, имаме козметички памук или познатата вата. Најчесто го користат жените за нивните козметички ритуали, како чистење на лице или отстранување на лакот од ноктите. Но, овој производ може да го употребите и во домаќинството со овие трикови кои никогаш досега не ви паднале на памет.

Освежувач на воздухот
Земете едно топче памук и натопете го во омилениот парфем, ваш или на партнерот. Памукчето ставете го во ќесата од правосмукалката. Така, како што ќе чистите ќе се испушта пријатен мирис од парфемот и ќе се распространува низ просторот, а воедно целата прашина ќе се лепи на памукот.

pamuk 2 (1)
Освежувач во фрижидерот
Фрижидерот честопати мириса на некои силни ароми од јадења. Натопете едно топче памук во екстракт од ванила или од каранфилче и ставете го на вратата од фрижидерот. Така, тој ќе врши улога на дезодоранс и ќе шири пријатна миризба во фрижидерот.
pamuk 4 (1)
Со памук против мувлата
Во бањата секогаш има тешко достапни ќошиња кои не се чистат така лесно. Натопете неколку топчиња памук во детергент за изблеување и поставете ги на тешко достапните места за чистење. Оставете го белилото да делува неколку часа и потоа исплакнете со топла вода.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот