Невообичаени патувачки рекорди

0

Секојдневно, милиони луѓе патуваат. Овој факт не е никаква новост или изненадување, но некои од патниците се обидуваат да ги зачинат работите со поставување на светски рекорди. Ви претставуваме некои од најчудните и апсолутно откачени работи кои луѓето ги направиле за да пробијат рекорд и да постигнат слава.

Луѓетo носат секаков вид на корисна опрема на нивните патувања, шатори, вреќи за спиење, па дури и бастун. Но, Тони Хакс носел нешто многу почудно. Тој повеќе од 1.650 километри, со себе носел фрижидер, авто-стопирајќи низ Ирска помеѓу 6ти и 30ти мај 1997 година. Овој подвиг, иако оспоруван од многумина, му обезбеди уникатно место во Гинисовата книга на рекорди.

Планинарењето не е само за младите и неуморните. Доказ за тоа е Џон Вејт, кој на 89 годишна возраст е најстариот планинар во светот. Тој патувал низ целиот свет откако неговата сопруга починала во 1982-та година. Со само една промена на облеката, Џон се селел од земја во земја, престојувал во хостели и стекнувал нови пријатели.

Британката Вејди Тирипати, имала точно 205 дена, кога на Антарктикот го завршила патувањето, станувајќи најмладиот човек некогаш, кој ги посетил сите 7 континенти.

Акробатката Лесли Типтон, го држи рекордот за најбрзо влегување во куфер. За само 5,43 секунди, Типтон се „здиплила“ себеси во затворен куфер. Таа го постигнала својот рекорд во живо на телевизија, на 14ти септември 2009 година, во Њујорк.

patuvacki rekordi (1)

Холандската влада не сакала да и дозволи на (тогаш) 13 годишната Лаура Декер, да се обиде да го сруши светскиот рекорд како најмлада девојка која некогаш пловела по светот – сама. Но, на 12 јануари 2012 година, таа го поставила својот рекорд! Тогаш веќе на 16 години, 4 месеци и 1 ден, таа станала најмладата девојка која пловела сама по светот.

Островите Папа Вестреј и Вестреј се само 14 километри раздалечени, но сепак авиокомпанијата Логан Ер, обезбедува секојдневен сообраќај помеѓу нив два. Со време на летање кое трае само 2 минути, овој лет е најкраткиот комерцијален лет во светот.

Ако не можете да си дозволите авионска карта, обидете се со возење скирол да стигнете до вашата посакувана дестинација. Роб Томсон возел скирол од Швајцарија до Кина, а за да ги помине овие  12.159  километри, потребни му биле 1 година и 3 месеци.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.