Невообичаени невестински фустани

0

Со сигурност, свадбениот ден е најубавиот за една жена… Многумина и ќе се шегуваат на сметка на невестата. со муабетот дека тоа е единствениот ден когаа таа знае што ќе облечи. Многу невести, во обидот да изгледаат што поспектакуларно, на крај изгледаат смешно.

Важно е дури и на тој голем ден, да се зачувате себе и вашиот целокупен изглед да зборува за стилот кој го негувате. И не мора, по непишаното правило на својата венчавка да носите огромен бел фустан, доколку тоа не ви е по ќеиф, но би облекле тортест бел фустан, оти таква е традицијата.

Покажете ги вашите омилени бои. Бидете смели да бидете една поинаква невеста која успешно, преку фустанот, ќе се долови самата себе.

На белото додадете боја или одберете фустан во пастелни нијанси. Не се плашете од боите на вашиот фустан, доколку го одберете вистинскиот модел, тогаш би ја имале титулата „најуникатна невеста“. И познатата Џесика Бил се одлучи за розов фустан на нејзината свадба. А, токму тоа е она што го посакувате, да бидете поинакви од сите други невести и едноставно прекрасни, нели?

70f63647-95e9-4d0b-9da9-8a92310d5ade fdeae6f2-6759-4eb0-8a72-bd8a272c49ca 50d0ffcf-9812-48bc-8427-d0bf8a5073cb 1cae21a0-9d5f-4561-9535-e3392b9dc7d4 1a643b91-052c-4c33-ab46-3596512fe628 0d5a1d77-90f7-48e8-a17f-90c73a287874 52f27629-b7fd-49ff-a424-4a219c6cb4c5

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот