Невообичаени факти за најпознатите книги

0

Секој читател знае дека секоја книга има некоја тајна или скриена приказна. Ако ги немате слушнато, не значи дека не постојат. Денес одлучивме да ги споделиме тие тајни со вас. Љубители на книги, уживајте!

Ако мислите дека читањето на интересна детективска фикција не ви дава ништо корисно во пракса, приказната  која е сокриена во делото на Агата Кристи „Бледиот Коњ“, ќе ви докаже дека не сте во право. Всушност, деталниот опис на труењето со талиум даден од авторот, спасил многу животи. Во 1977 година, едно девојче во Лондон страдало од непозната болест, за која што докторите имале потешкотии да ја откријат. Медицинската сестра која била обожавател на детективски фикции, открила дека симптомите кои ги имало девојчето, се истите опишани во книгата на Агата, односно симптоми на труење со талиум. Докторите успеале да го спасат животот на девојчето.

За познатата новела од Реј Бредбури, „Фаренхајт 451“ се верува дека го носи името од фактот што хартијата се запалува и гори на оваа температура. Вистината е што хартијата се запалува на оваа температура и гори, но во Целзиусова скала, не Фаренхајтова. Авторот на книгата објаснил подоцна дека тоа било една искрена грешка на специјалистот за пожарна безбедност, со кого писателот се консултирал за името на книгата, но, за жал, тој направил грешка во температурите.

mmm

Фразата “два плус два е еднакво на пет”, е искористена во поглавје број седум на книгата на Џорџ Орвел „1984”. Се верува дека доаѓа од лудата идеја на Советската Унија за постигнување на 5 годишен економски пораст во 4 години почнувајќи од 1928 година.

Барбара Ремингтон, американски уметник, требало да ја направи корицата на „Хобитот“ и „Господарот на прстените“. Немала шанса да ги прочита книгите пред  да ја започне својата работа околу корицата. Како резултат на тоа, на корицата можеме да видиме жаба, гуштер, две птици ему и некој вид на дрво со розеви светилки на врвот кои и немаат баш некаква врска со книгата.

LOTR_book_covers

Лав Толстој всушност бил многу скептичен за своето дело „Војна и мир.“ Во јануари 1871 година, тој испратил писмо кај неговиот пријател Афанаси Фет, каде што напишал “Колку сум среќен што нема да напишам никогаш повеќе ваква глупост како Војна“.

Ј.К. Роулинг ја завршила „Хари Потер и каменот на мудроста“ во 1995 година. Нејзиниот агент ја испратил скриптата кај дванаесет издавачи. Сите до еден ја одбиле. Една година подоцна, книгата била одобрена од уредникот Бери Канингхем од Bloomsbury, издавачка куќа во Лондон. Иако се согласиле да ја издадат книгата, Канингхем ја советувал Роулинг да си најде друга работа бидејќи мала е шансата да заработи пари пишувајќи книги за деца.

Виктор Иго бил на одмор кога неговото дело „Клетници“ било објавено во 1862 година. Бидејќи бил љубопитен за тоа каква била реакцијата на другите кон неговото дело, испратил телеграма кај неговите издавачи Хурст и Блакет со само еден интерпункцински знак, односно прашалник. Неговиот издавач одговорил само со извичник, што значело дека книгата доживеала успех. Тоа најверојатно бил најкратката комуникација во историјата.

Марк Твен рекол дека неговото дело “Том Соер” во ракопис, било првото дело напишано на машина за пишување. Но, истражувачите откриваат дека првото дело на Марк Твен напишано на машина за пишување било за неговиот живот на Мисисипи.

3f3434f22c50cf98d358ea9b69251c4a

Аладин, еден од главните ликови на Арапските ноќи, или уште познати под името “Илјада и една ноќ” раскажани од Шехерезад, бил всушност момче од Кина кое живеело на улица.

Џејн Остин ја започнала нејзината  книга „Гордост и предрасуда“ кога наполнила 21 година. Издавачите ја одбиле и новелата била објавена дури по 15 години.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот