Неверојатни дестинации кои чекаат да бидат откриени од туристите

0

Сите ги знаеме големите туристички дестинации, кои места треба да се посетат, да се видат и фотографираат. Но, она кое вистински ја покажува душата и менталитетот на една земја и нејзиниот народ кој живее некаде периферно. Тоа се мали места полни со живот и природна убавина, скриена од очите на пошироката јавност. Затоа ние решивме да ви покажеме неколку такви места и да ви дадеме идеја за следно патување.

Fort Bourtange, Холандија

82105-1000-1456166331-314

Fort Bourtange, е исто така познат како ‘Star Fort’, место лоцирано во Холандија. Изградено е за време на борбата за ослободување од Шпанија и направено е со цел одбрана од артилериски напад. Мало место преполно со историја кое ќе ве плени со својата убавина.

82305-1000-1456166331-315

Albarracín, Шпанија

82355-1000-1456166331-316

Шанскиот писател и филозоф, Хозе Ортега го опишал местото како градот кој со својата силуета се издгинува кон височините“. Овој град често го нарекуваат и розовиот град. Овде ќе најдете 18 километри долг аквадукт кој датира уште од римскиот период. Прошетајте по улиците на градот и почувствувајте ја историјата.

84405-1000-1456166331-1484255-1000-1456166331-13-1

Devonshire, Англија

83655-1000-1456166331-42

Оваа област е сместена длабоко во срцето на Англија. Популарна дестинација за рекреација и одмор на Англичаните, а може да се најдат и недопрени риболовни наслеби кои пленат со својот изглед. Девон е домот на големите морнари Сер Францис Дрејк и Сер Волтер Ралеи. Големата дама на крими романите, Агата Кристи е родена токму во Девон.

84305-1000-1456166331-11

Monsanto, Португалија

84455-1000-1456166331-17

Ова е прекрасно мало село со убава португалска природа. Целото место е направено од камен што му дава уникатен изглед. Глетката го одзема здивот – планини, зелени дрвја, збиени покриви и интересни улици. Кога ќе чекорите по нив, застанете под некој голем камен и чувството ќе биде неповторливо.

84605-1000-1456166331-18

Аlberobello, Италија

82155-1000-1456166331-312

Мал италијански град со голема магија во него. Познат по уникатните бели градби, што е многу популарно меѓу туристите. Постојат 1500 куќи кои потсетуваат на самовилски градби со нивните конусни покриви.

83455-1000-1456166331-90

Hobbiton, Нов Зеланд

84055-1000-1456166331-35-3

Местото чија намена оригинално беше за филмските потреби на филмот „Господар на прстените“, денес е туристичка атракција. Иако по завшршувањето на филмот остана празно, сега има сосема поинаква намена. Туристите го обожаваат и секогаш е на листата на места кои мора да ги посетат.

83905-1000-1456166331-35-2 83855-1000-1456166331-35-1

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.