Неверојатна придобивка за организмот – Топла вода со куркума наутро

0

Сите се трудиме да конзумираме што е можно поздрава и корисна храна, но често не сме свесни колку всушност моќ има таа врз нашиот организам и колку може да допринесе на нашето здравје.

Кога е во прашање куркумата – многу е кажано, напишано, убедувано за неверојатните придобивки на овој чудесен зачин.

Но, тој претставува многу интересен начин за одржување на тонусот на организмот. Исто така важно е дека куркумата е секому достапна.

Една жена од Велика Британија одлучила да спроведе експеримент и почнала да додава куркума во топла вода, која ја пиела секое утро. Тек после една недела забележала позитивни промени: подобрено варење, почиста кожа на лицето и полесно утринско будење.

Освен фактот дека овој зачин е еден од најкорисните, тој на храната и дава одлична арома и боја, исто така убаво делува врз организмот со своите антиоксидантни и подмладувачки својства.

Главна состојка одговорна за сето тоа е куркуминот.
Благодарение на него, водата со куркума е една од најлековитите напивки, која често се нарекува еликсир за здравје.

Се што ви е потребно да го подготвите овој чудесен напиток е:
0,5 кафени лажички куркума и 1 чаша топла сварена вода (може да се користи топло млеко)
Ставете ја куркумата во чаша со вода и промешајте. Напитокот се пие во првиот дел од денот, пред или по доручек. Можете да додадете малце бибер, за мешавината да се абсорбира добро.

Пијте го напитокот две недели, а потоа направете две недели пауза.

Со додавање на малку лимон и мед, ќе добиете вистинска витаминска бомба за превенција и лечење.

Промените кои ќе ги забележите ќе бидат:
– поздраво срце
-подобрување на варењето, побрз метаболизам
-заштита на желудникот
-олеснување на симптомите на артитис
-превенција на заболување од рак
-позитивно влијае на заболените од дијабетис

Запомнете: иако куркумата е позната како природен антибиотик, при негово конзумирање постојат контраиндикации, па затоа пред да почнете да го конзумирате овој напиток – консултирајте се со вашиот матичен лекар.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот