Неверојатен град каде што луѓето живеат без пари, политика и религија

0

Ауровил.

Звучи како град од Дизни филм, но во реалноста тоа е вистинско место во Јужна Индија. Во оваа бајковита земја, луѓето живеат без политика, религија или пари.

Луѓето од различни националности и култури живеат во мир, користејќи посебен систем на трговија за да го добијат она што им треба.

Ауровил е основана од Мира Алфаса, која е исто така позната како “Мајка”.
Алфаса сакала да создаде место каде што секој би можел да живее во хармонија и да работи заедно со останатите кон напредок. Местото е исклучително самодоволно и голем дел од своите резерви ги добива од околните фарми.

Иако Ауровил не е единствениот град од ваков вид, тој е единствениот кој добил заштита од УНЕСКО како меѓународен град. Ниту еден град не е совршен, но граѓаните на Ауровил имаат сосема поздрав живот. Тоа е ПРИРАЧНИК за тоа каков може да биде светот во иднина.

Никој не може да каже сигурно кога, или дали други градови ќе го следат концептот на Ауровил, но сигурно би било интересно да се видат повеќе вакви места.

Извор: peacequarters.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.