Неуспехот е само неопходен дел од успехот

0

Страв од неуспех – секој го почувствувал барем неколку пати во животот и тоа е сосема природно.

Се плашиме дека ако не успееме нема да бидеме сакани повеќе, дека ќе доживееме непријатни емоции како разочараност и вина, дека нема да имаме нови можности.
Ако живееме во константен страв од неуспех, се оддалечуваме од убавината која не опкружува и живееме во минатото.

Сепак, ни најмалку не е лесно да се ”стопира” тоа чувство на страв, но убавите вести се дека со малку умствена вежба можеме да го намалиме. Сè уште ќе бидеме сакани ако си дозволиме малку ранливост. Непријатните емоции се дел од човекот исто како радоста и среќата и животот ќе ни биде полесен ако научиме да ги почитуваме и сакаме сите емоции подеднакво.

По дефиниција, неуспехот доаѓа кога личноста не ја постигнала посакуваната цел. Стравот расте затоа што личноста се врзува за замислениот исход. Понекогаш можеби исходот кој реално се случил е подобрата опција, но мозокот не е во можност веднаш да го регистрира тоа. Вистината е дека човекот доживува неуспех само кога се откажува и се што треба е да го запомниме тоа.

Како?

  • Затворете ги очите и замислете се на возраст од шест години. Како се чувствувате? Мислете на тоа колку повеќе сте постигнале отколку што не сте успеале да постигнете. Што сте научиле од тие искуства? Колку се разликуваат вашите сегашни ставови од оние кога сте имале шест години?


Запомнете дека многу од позитивните нешта кои сте ги искусиле немало да се случат доколку вашиот животeн пат бил поинаков.

  • Замислете го најлошото можно сценарио. Замислете дека не сте успеале да ја постигнете вашата цел. Замислете како го доживувате вашиот најголем страв и како потоа го надминувате тоа искуство. Моќта на визуализацијата често се потценува, но тоа може да има многу голем ефект врз совладувањето на стравот од неуспех. Кога го очекувате најлошото и психички сте подготвени на лош исход, се што ќе се случи подобро од тоа нема да го доживеете трагично или како неуспех.
  • Кога зборуваме за визуализација, обидете се да се замислите себеси на 80 години, како седите на прекрасна плажа, во мирен цветен двор или опкружени со било што друго што би ви предизвикало чувство на мир. Замислете си како се чувствувате гордо со себеси и вашите постигнувања. Сликата која ќе ја создадете во умот е доволна за да ве одведе на вистинскиот пат.

Имајте верба.
Се што искусуваме, се случува со причина. Една постапка нè води кон друга, која можеби не е вистинската во моментот, но таа ќе не однесе кон некоја следна и следна се додека не го пронајдеме она вистинското.

Неуспехот е само неопходен дел од успехот, а крајната цел нема да е толку слатка доколку ја постигнеме лесно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот