Несоница – како да се справите

0

Има неколку навики што ги практикуваме секојдневно, а ни штетат вистински на здравјето. Една од нив е ноќното неспиење односно несоница. Истражување кое било спрoведено на Харвард покажало дека луѓето, посебно жените, кои не спијат доволно имаат четири пати шанси повеќе да заболат од дијабет. Ова е еден од ризиците.

Несоницата не е состојба која треба да се занемари, ако се случува подолг временски период. На 130 000 испитани жени, една од четири се мачи со несоница. Искуството покажало дека има начин како да се смири состојбата и тоа ни повеќе ни помлаку со одрeден вид храна.

man-no-sleep

Овесна каша со банана се покажала како ефикасна бидејќи овој овошје содржи мелатонин, кој се ослободува при спиењето.

Сусамот е одличен извор на триптофан – уште една аминокиселина која се поврзува со длабок и квалитетен сон.

Една чаша вино, но без претерување, ќе го смири крвотокот и ќе остави простор за подобар сон.

Со несоницата можете да се борите и на следниов начин: пробајте собата во која спиете да ја направите оаза на мирот. Креветот нека ви биде само за спиење, а не за гледање телевизија и останати активности. Така ќе го насочите мозокот да се подготви за сон веднаш штом ќе влезете во спалната соба. Гледајте да си создадете ред во спиењето – тоа значи секој ден во исто време да си легнувате за да може телото да научи кога е време за спиење.

Пробајте да ја зголемите и физичката активност која гарантирано ќе влијае позитивно на истерување на несоницата. Секоја активност што ќе ве реласкира, пракиткувајте ја. Само така сонот ќе настапи целосно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.