National Geographic ги откри своите најпопуларни Инстаграм фотографии и тие се спектакуларни

0

National Geographic има импресиен број следбеници на Инстаграм, преку една милијарда „лајкови“ на фотографиите и секогаш нешто ново и интересно да понуди. Ама, ова и не е изненадување, знаејќи дека 100 најдобри фотографи во светот работат за нив.

Списанието реши да ги спои 300 најпопуларни фотографии објавени на Инстаграм и да ги објави во книга, @NatGeo, која се најде во продажба на 25 октомври.

Во описот на книгата стои:

„Спојуввајќи ги најлајкуваните, најмногу коментираните и најдобрите фотографии од Инстаграм профилот на National Geographic, @NatGeo е добитна комбинација од експертски одбрани фотографии од профилот. National Geographic или @natgeo, е еден од врвните Инстаграм брендови, со преку 60 милиони следбеници и повеќе од една милијарда лајкови на нивните 12,000 објавени фотографии.“

polar-bear-geo dolphins-geo

Овие неколку фотографии само ќе ви дадат мала претстава за тоа што ќе можете да видите во книгата. А фотографиите во висока резулуција и поголеми отколку што можете да ги видите на вашиот телефон, се навистина неверојатни.

feet-fish tiger-cub__1478085270_46-217-153-232

За да видите повеќе вакви и слични фотографии, посетете го Инстаграм профилот на National Geographic.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар