Несекојдневна луксузна пижама забава на Estee Lauder ги донесе нашите инфлуенсери на едно место

0

Estee Lauder како бренд е препознатлив по својот квалитет, врвни иновативни производи наменети за сите типови на кожа и постојани новитети во нивните козметички линии.
Бренд кој креира козметика што посебно ќе ја изрази природната убавина, нежност и женственост на секое лице и ќе направи да се чувствувате гламурозно во сопствената кожа.

Estee Lauder воодушеви со невообичаениот, луксузен настан наменет за убавината и моќта на ноќната нега, со цел да посочи колку е важно овие мали ноќни ритуали за нега и убавина да станат секојдневие на секоја жена.

По тој повод ги поканивме нашите убави дами, новинари, водители и инфлуенсери на уживање и релаксирање по завршувањето на секојдневните работни обврски, со цел да ги запознаеме со новиот Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix серум на Estee Lauder.

Луксузната и интимна атмосфера на PJ забавата која ја организиравме, им овозможи на прекрасните дами да се опуштат со незаменливото престижно пенливо вино Prosecco и вкусни десерти, запознавајќи се со моќта на најефикасните производи од Estee Lauder наменети за ноќна грижа на кожата.

Комбинацијата на пријатна музика, козметички производи, луксузен амбиент и споделување на совети за нега и убавина, го направија овој настан впечатлив и незаборавен. Како што доликува на секоја дама, така и тие ја збогатија својата козметичка колекција со новите производи на Estee Lauder кои имаат моќ да ја направат вашата кожа затегната, сјајна и беспрекорна, додека вие мирно спиете.

Зошто ноќната нега е моќна?
Неизбежна е штетата која динамичниот работен ден ја нанесува на нашиот изглед. Затоа навечер, кога се одмараме и телото ни е опуштено, неопходна е нега на кожата, за да се сочува природниот сјај и убавина.
Линијата на производи од Estee Lauder – Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix, лидерoт во ноќната нега, го овозможува токму тоа.
Advanced Night Repair овозможува целосна нега која најдобро дејствува навечер, кога одмараме и кога кожата најактивно ги впива хранливите состојки на производот чија намена е активно да работи во корист на вашата убавина, додека вие одмарате.

Што правеа нашите дами по вчерашните работни обврски?
Облекоа пижами, меки наметки и се опуштија со чаша вино, свежо овошје и чоколадо, додека професионалците од Estee Lauder се погрижија за нивното лице и им го презентираа новиот производ од кој беа воодушевени.

Бојана Нојич – Newsroom.mk

Eлена Бојаџиева и Ружица Антиќ – Портрет Магазин

Маја Божовиќ ја презентираше новата линија производи
Estee Lauder – Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix

Ирена Спировска – Алфа ТВ

Tие ги споделија своите импресии преку фотографии споделени на социјалните мрежи под хаш таговите ”esteelauder”, ”anr” и ”beautiful skin”.

Дел од Estee Lauder производите за ноќна нега на кожата, беше и маската Advanced Night Repair Concentrated Recovery PowerFoil Mask – иновативен ноќен третман кој веднаш ја освежува и обновува кожата, а се нанесува еднаш неделно.

Во својот состав таа содржи формула со хијалуронска киселина, која има извонреден ефект врз кожата, а тоа имавме чест да го видиме на прекрасното лице на Елена Стефановска, која на својата кожа ја почувствува моќта на Advanced Night Repair Concentrated Recovery PowerFoil Mask.

Елена Стефановска – Живот со стил

Производите на Estee Lauder можете да ги најдете во парфимериите
Anabella низ Македонија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар