Немој да си толку студен, зар не ја гледаш мојата ранливост?

0

Мислите ли дека го познавате партнерот вистински? И дека тој ве познава вас? Вие познавате само една верзија од себе додека сте со него. Во име на љубовта, семејството или нешто трето, подготвени сте на големи компромиси, а потоа се прашувате како сте можеле да се трансформирате толку многу што веќе ни самата не се препознавате?!

Во врската губиме делови од себе

Подготвени на компромис за да го задржите партнерот, губите дел од сопствениот идентитет. Се превиткувате, моделирате, се движите според неговите желби. Наместо да сте најдобрата верзија од себе, се претворате во жена што не ви е позната кога ќе ја видите во огледалото. Вреди ли љубовта да направите толкава жртва?

Обидувајќи се да бидете добра за него, стаувате лоша за себе. Отфрлате делови од својот идентитет и многу доцна сфаќате дека ви недостига тој дел од вашата личност. Можете ли да го вратите назад, е прашањето.

Кога љубовта ќе се претвори во презир

Знаете ли дека страста ја снемува кога ќе се ставите во калап по кој го моделирате својот партнер? И потоа сè е предвидливо. Наместо да се обидувате да си поставите рамки, обидете се да се прифатите такви какви што сте.

Оној ден кога ќе ви текне дека сте изгубиле голем дел од својата личност за да бидете личноста каква што сака тој, е денот кога ќе почнете да го презирате партнерот.

Сигурност без страст

Дали навистина сакате да сте во врска каде што е сè познато и предвидливо? Многу двојки раскинуваат токму заради непостоење страст во врската. А страст не постои кога работите ќе станат монотони, здодевни, предвидливи.

Дури и на најздодевните бракови им треба мала искра за да ги раздвижи, помрдне. Не е секогаш сè во сигурноста.

Што кога ќе почнете да губите дел од себе?

Веќе не сте автентична, не сте поинаква, не сте жената со којашто тој почнал врска. Дали ќе ви биде тешко да му го кажете тоа на глас? Да му кажете дека сакате да сте своја? Да се вратите на старата „јас“? Да му кажете дека не се препознавате и дека тоа ве тишти и боли?

Конечно, тој ве засакал за тоа што сте биле… па, прашањето е, дали ве сака таква каква што сте сега?

couple-cuddle-kiss

Мил мој, знаеш ли која сум?

Навистина, знае ли тој која е жената со којашто е во врска? Знае ли за важите желби, стравови, емоции, страдања, мечти? Или ја познава жената што ја моделирал според своите потреби?

Време е да смените нешто кај себе, да покажете сила и цврстина за да го вратите сопствениот идентитет.

На крајот на денот, ако вие не сте задоволна од самата себе, тој секако нема да биде задоволен и среќен со вас.

Сите жени се исти

Ова е толку чест и познат машки одговор. Стиснете заби и наместо да се карате, објаснете му дека секоја жена е разлила од другата исто како што и секој маж е поинаков од другиот.

Не сакате да ве става во ист кош со другите затоа што вие сте поинаква, посебна и негова. И тоа треба да му е доволно.

На крајот на денот, обидете се да се вратите на себе, на својот карактер. Не треба да барате нов партнер во животот. Само да го погледнете со поинакви очи. Исто како што тој треба да ве гледа вас. Можеби тогаш ќе се сети на жената што ја запознал и засакал таква каква што е.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот