“Немам ништо убаво да кажам. Чекам да ми пројде лутината, тогаш ќе откријам се“ – Животната приказна на Ума Турман

0

Ума Каруни Труман, 47 годишна американска глумица, мајка на две деца и невенчана сопруга на францускиот бизнисмен Арпад А. Бусон и Госпоѓа Х од “Нимфоманка“, последниот филмски хот на Ларс Вон Триро.

Ума Турман е родена во 1970 година во Бостон, во сосема нетипично, ексцентрично американско семејство. Нејзината мајка Нена со шведско-германско потекло била фотомодел, а и нејзината баба по мајка била една од најголемите убавици во 20-тите години од минатиот век. Бронзениот кип од бабата Брижит се уште го краси пристаништето Смигехук, на најјужната точка на Шведска.

Брижит се омажила за германскиот барон Карл вон Шлебрук и ја добиле ќерката Нена. Кога имала само 16 години ја забележал врвниот англиски фотограф Норман Паркинсон и ја одвел во лондонскиот Вог, каде многу брзо станала познат топ- модел, па потоа и позирала за насловната страна на магазинот во 1958 година.

Наскоро се нашла во кругот на познатите и славни, а во првиот брак влегла со познатиот но и контроверзен психолог и писател Тимоти Лириј кој во 60-тите години го проучувал дејството на ЛСД во медицински цели и своите истражувања ги спроведувал на своите студенти доброволци. Бракот не траел долго, па мајката на Ума наскоро се заљубила во интелектуалецот Роберт Труман.

Роберт бил меѓу првите во Америка кој станал следбеник на будизмот, откако како студент со своите пријатели тргнал на пат до Индија со мотор о завршил на Тибет спријателувајќи се со Далај Лама. Ума заедно со своите браќа, најраното детство го поминале во градчето Алмор на северот на Индија.

Сите тројца се пораснати во будистички дух, а глумицата своето име Ума го добила по второто име на хиндиската божица Первати што значи “светлост“.

После безгрижното детство во Индија, враќањето во Америка и прилагодувањето на новиот режим на живот и градските деца, на Ума не и било воопшто лесно. Отскокнувала од останатите не само затоа што имала необично име, туку и поради неконвенционалното воспитување, како и нејзината градба од метар и 80, прилично слаба и висока во споредба со своите врсници.

Самодовербата дополнително и била нарушена кога пријател на мајка и кога имала само 10 години и предложил да направи есстетска операција на носот.

Децата во нејзината околина знаеле често да се подбиваат со нејзиното име, па не било ретко да се претставува себеси како Кели или Линда.

Тоа и биле дел од причините поради кои кога таа имала 15 години, нејзината мајка ја одвела во Њујорк каде Ума почнала да работи како фотомодел и таму го продолжила средношколското образование.

Штом се појавиле нејзините први фотографии во магазинот “Гламур“, почнале и филмските улоги. На 17 години добила неколку ангажмани од кои и главната улога на заводница во филмот “Бакни го таткото за добра ноќ“.

Во истата 1988 година се нашла во друштво со Џон Малкович и Мишел Фајфер во “Опасни врски“ на Стивен Фрирс. Во почетокот на 90тите години добила повеќе значајни улоги. Од срамежлива и интровертна девојка, Ума преку ноќ станала секс – симбол.

Филмот “Опасни врски“ како да го најавил продолжетокот на нејзиниот приватен живот.

Првиот познат маж во нејзиниот живот со кого била во посериозна врска бил Фил Жоно. Постар девет години од Ума, познат по соработката со бендот U2 чиви спотови ги снимал, во 1988 година го создал познатиот документарен филм за нивната северноамериканска турнеја.

Во тоа време, Ума побегнала во Лондон како би се сокрила од јавноста и тогаш го запознала Фил во кој се заљубила. Тогаш почнала со снимање на филмот “State of Grace“, во кој играла со Шон Пен и Геи Олдман.

Неколку години подоцна, Фил прокометирал: “Од првиот момент видов привлечност меѓу Ума и Гери која беше толку силна, што не ми преостана ништо друго освен да се тргнам.“

Гери Олдман бил причината за разделба, како и Ума за негоата со тогашната сопруга Лесли манвил. Со Лесли се венчале во 1988 година, а се развеле само три месеци откако Ума го родила нивниот син Алфи.

Гери тотално полудел за Ума, па се преселил во Америка заедно со неа и се венчале во 1990 година. Овој брак траел само две години. Никогаш не изјавиле ништо за нивниот крај.

Ума својата кариера ја градела многу внимателно и одмерено. После големите филмови, се чини дека сама се уплашила од својот успех. Следните години одбивала големи улоги.

Следниот филм во кој се враќа на големо на славата е под водство на големиот Квентин Тарантино. “Pulp Fiction“ е полн погодок за нејзината кариера. Иако, на почетокот ја одбила оваа улога, Квентин не се откажал од неа. Тој најмногу бил импресиониран од нејзините стопала, па затоа и дополнително ја ставил култната сцена во која ставил дијалог за масажа на стопала заедно со Траволта.

После овој филм Ума станува најпозната глумица во Холивуд.

Судбинскиот момент во нејзиниот живот се случил во 1996 година кога се нашла на сет за филмот “Gattaca“ заедно со Итан Хоук. Оваа средба била фатална за двајцата. На помалку од година од нивната врска, Ума забременила до нивната ќерка Маја Реј.

Два месеци после раѓањето на ќерката, тие се венчале во Њујорк, а нивниот брак го благословил Далај лама лично. Се вратила на филмот во 2000 година, но во 2001 добила повик од Тарантино повторно. Тогаш ја добила главната улога во филмот “Kill Bill“.

Во 2002 година го добила синот Роан. Но, поради многу работни обврски, таа ретко била дома покрај сопругот. Во исто време се прошириле многу гласини за тоа дека Ума е нешто повеќе од “муза“ на Тарантино. Поради љубомората која се јавила кај Итан, тие се разделиле во 2003 година. Подоцна се дознало дека Итан ја изневерувал Ума со дадилката на нивните деца.

На Ума не и било потребно многу време да пронајде утеха. На крајот на 2003 година почнала да се дружи со Андреа Балазем, богат сопственик на хотели во Њујорк и Лос Анџелес. Иако долго се зборувало за можна венчавка, сепак Ума во 2006 објавила дека повеќе не се заедно.

После една година таа повторно се заљубила. Овојпат во бизнисменот, мултимилионер со француско потекло Арпад Бусон. Тој пред Ума, се гледал со познатата манекенка Ел Макферсон.

Иако имале неколку разделби и несогласувања, во 2012 година Ума го добила своето трето дете, сега со Арпад – ќерката Росалинда.

Кога се разделиле официјално во 2014 година, Арпад побарал од судот да добие целосно старателство на нивната ќерка, тврдејќи дека Ума има сериозни психички проблеми и дека често своите лекарства ги меша со алкохол. Сепак судот пресудил во корист на Ума.

Глумицата често ги избегнува медиумите каде ја прашуваат за нејзиниот приватен живот. Неодамна единственото кое го изјавила е: “Немам ништо убаво да кажам. Чекам да ми пројде лутината. Кога ќе бидам подготвена, ќе откријам се“.

 

Извор: www.stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.