Нема да го заштитиш своето срце ако се преправаш дека го немаш

0

Сите сме биле повредени, тажни, бесни, очајни. Животот никогаш нема да престане да ни приредува ролеркостер од емоциите и да ни ги скрати оние негативните само затоа што болат.

Не постои анестезија, не постои копче за бришење на емоции. За жал.

Навидум изгледа лесно дека можеш да се заштитиш така што ќе бидеш студен, недостапен и ќе се однесуваш како да немаш чувства, како да имаш ледено срце. Но, тоа нема да те спречи да чувствуваш, да сакаш и тагуваш.

Не можеш да се лажеш себеси. Лесно можеш да ги излажеш другите дека со тебе сé е во ред, дека си среќен и исполнет. Можеби и на момент ќе се чувствуваш така, но на крајот од денот ти ќе ја знаеш вистината.

Нема да бидеш посреќен ако немаш чувства. Сè што ќе добиеш за возврат е недостаток на љубов. Полека, но сигурно ќе создадеш висок, дебел ѕид околу тебе и никој нема да се обиде да го пробие.

Вистината е дека нема замена за љубов, за пријателство. Нема гаранција дека нема да боли понекогаш, дека никој нема да те повреди.

Храброст е да го отвориш срцето, да сакаш и да дозволиш да бидеш сакан. Онака целосно, искрено и длабоко. Храброст е бидејќи покрај тоа што го отвораш срцето за да доживееш убави чувства, ризикуваш да бидеш повреден. Ризикуваш да бидеш згазен.

Ако глумиш дека немаш срце, не значи дека нема да чувствуваш ништо. Всушност, на тој начин само ќе се лишиш од позитивните, прекрасните чувства за кои вреди да се живее.

Да се биде човечко суштество значи да се чувствува. Се. А емоциите не се секогаш пријатни, тоа е суровата вистина, но, исто така токму тоа е она што не прави живи.

Емоциите постојат за да се чувствуваат. Да се прифатат и да не се одбегнуваат. Тие не се страшни, тие се најдобрите учители кои некогаш ќе ги имаме, особено оние кои болат до коска.

Емоциите се дел од процесот, постојано присутни во различни димензии и интензитет. Треба да се споделат, да се ценат и почитуваат.

Не заборавај дека без горкото, слаткото не е ни толку слатко.

Нема да го заштитиш своето срце ако се преправаш дека го немаш, така ќе бидеш само осамен.

Подготви: Маја Здравеска

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.