„Некст Тајм“ подготвуваат нешто ново

0

Пред речиси две години, браќата од поп-рок дуото „Некст Тајм“, Мартин и Стефан ја изненадија македонската публиката со одличната преработка на легендарната „Ја излези Ѓурѓо“, од која добија ласкави реакции и нови обожаватели.

Во своите досегашни интервјуа браќата велеа дека после одличната преработка, ќе размислат подобро околу следните музички проекти и правецот во кој ќе се насочат.

Периодов ги немаше со причина, бидејќи како што велат се во големи подготовки за доаѓањето на приновата или преработка на уште една стара македонска песна песна, во која не се сомневаат и самоуварено велат дека ќе биде нов маестрален музички плод на кој работат со веќе поверен тим.

„Токму сега е вистинскиот момент публиката да слушне нешто ново од Некст Тајм, да се дознае на што работевме изминатиот период и која беше нашата инспирацијата. Со „Ја излези Ѓурѓо“ добивме фитбек од публиката повеќе од што очекувавме, а тоа не мотивира да работиме на она што го сака народот. Ја продолжуваме соработката со Никола Мицевски, а песната ќе излезе пред новогодишните празници. Ќе се снима и спот кој навистина ќе биде едно големо изненадување. Легендарните стари македонски песни со ова на некој начин повторно оживуваат и остануваат во наследство на помладите генерации“, вели Стефан Филиповски.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.