Неколку видови на токсични луѓе од кои треба да се чувате

0

Животот е премногу краток за да го трошиме на погрешни луѓе.

Ви се случило ли некогаш да седнете во друштво на некој човек и веднаш штом започнете разговор со него, почнувате да се чувствувате помалку среќно, некогаш нервозно па дури и анксиозно? Дури и по неговото заминување, вие се чувствувате некако изморено, истоштено, депресивно? Мене да. И тоа не еднаш.

Во минатото, некогаш помислував дека е до мене, некогаш мислев дека дневното расположение влијае врз тоа некои луѓе во различни моменти различно да ги перцепирам. Како и да е, со текот на времето сфатив дека тоа и не зависи од мене. Постојат луѓе, “цицачи“ на енергија и она што можам да си го дозволам е да ги одбегнувам. Истото, ви го препорачувам и вам!

  1. Егоисти

Овој вид луѓе, освен тоа што се “полни со себе“, тие не оставаат простор за друг во нивно присуство. Нив ги препознаваме по фамозното “ЈАС“ на почеток на секоја втора реченица. Претерано се арогантни и сите останати ги сметаат за помалку вредни од нив. Ќе ги препознаете по тоа што во ниеден момент од разговорот (ако може да се нарече така), нема да ве прашаат вас како сте. Да се седи покрај вакви луѓе е премногу токсично, влијаје врз самодовербата и е тотално непотребно.

  1. Завидливи

Она што ви е потребно од пријателите е несебична поддршка низ животот и целосна доверба. Од завидливите, ова не го очекувајте. Обидете се да им кажете за некој ваш успех. Не само што нема да се израдуваат, туку веднаш ќе почнат да се споредуваат, како да се стремат да го фрлат вашиот успех во сенка. Нив ќе ги препознаете по фацијалната експресија. Зависта не може да се сокрие. И фала многу, така полесно ги согледуваме.

  1. Ретроградни

Ова се луѓе за кои застанало времето. Доколку ви се пријатели од детството, не очекувајте да ве разберат во зрелоста кога ќе бидете повеќе зафатени за да им обрнете внимание еднакво како во минатото. Тие од вас очекуваат да сте исти во целиот живот и не прифаќаат промени. Нив ќе ги познаете по тоа што ќе налутат ако ги одбиете за кафе. За нив мора да сте секогаш достапни, секаде. Како да е тоа возможно.

  1. Лажговци

За нив не треба подолго објаснување. Што подалеку од нив!

  1. Контролори

Каде беше? Со кого беше? Кој ти е овој? Познато?

Ова се луѓе кои знаат баш се, освен да си ја гледаат својата работа. Сакаат да бидат во тек со се, а вам не ви е потребна уште една учителка од градинка.

  1. Озборувачи

Оној кој зборува лошо за некој кој друг во ваше присуство, зборува лошо и за вас во ваше отсуство. Ова е некое непишано правило и нема исклучок. Вакви луѓе се токсични и ви препорачуваме да се чувате подалеку од нив.

  1. Жртви

Тоа се луѓе кои постојано се жалат за нешто, не прифаќаат одговорност за своите постапки и нема да ве изненади ако некогаш ве обвинат за некој свој неуспех. Зборуваат само за проблеми и создаваат негативна атмосфера. Нив ќе ги познаете по употребата на “И јас“, “И мене“. Пожалете им се дека ве боли глава, тие ќе ви објаснат како нив ги болело уште пред вас да ве заболи.

Чувајте си ја енергијата и потрошете ја со некој кој еднакво позитивно ќе влијае на вас.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.