Неколку причини зошто тигрите се неверојатни животни

0

Сите им се воодушевуваме на убавината и прекрасните бои кои ги носат на своето крзно, но исто така сите се плашат од овие неверојатни диви мачки.

Тигрите се најголемите мачки во светот, односно трети по големина од месојадите на земјата  (само поларните и кафеавите мечки се поголеми). Сибирскиот тигар може да тежи до 300 килограми.

Тигрите се единствени видови на мачки кои се целосно шарени.  Линиите на суматранскиот тигар се позбиени и погусти  од било кои други животински шари.

Ниту еден тигар нема исти ленти со друг тигар, тие се уникатни како човечки отпечаток од прст.

Опашката на тигарот е долга околу три метри и им помага да одржат рамнотежа при тесни вртења.

Белите тигри не се посебни подвидови, ниту пак се албино. Тие се леуцистички, резултат на рецесивен ген од секој родител што влијае на пигментацијата. Белите тигри обично имаат сини очи.

Се проценува дека ловот на тигарите е успешен само за еден на секои 10 до 20 обиди.

Возрасен тигар може да консумира до 88 килограми месо во еден оброк.

Просечниот животен век на дивиот тигар е 10-15 години. Но, во ретка прилика, тие во некои ретки прилики се случува да доживеат до 26 години во дивината.

Женките тигри се одлични мајки. Тие раѓаат (во просек) два до три слепи и беспомошни младенчиња.

За разлика од повеќето големи мачки, тигрите се моќни пливачи и се знае дека пливаат големи растојанија за лов во реките. Младите тигри често играат во вода, а возрасните можат да живеат во потоци или езера за да останат изладени за време на топлината на денот.

Тигрите не живеат во постојани групи како што се лавовите. Во најголем дел, тие живеат осамен живот, освен кога женките чуваат младенчиња.

Тигрите обично се ноќни ловци. Нивната способност за гледање е до шест пати поголемо од нашата.  Но, тие се, исто така, опортунисти, што значи дека нема да ја пропуштат шансата и за дневен оброк, кога е возможно.

Задните нозе на тигарот се подолги од предните нозе, давајќи им можност да скокнат 20 до 30 стапки во еден скок.

Тигрите имаат големи, обложени, нозе кои им овозможуваат да бидам исклучително тивки при ловење на пленот.

Се верува дека белите точки, на задниот дел од ушите  функционираат како “очи” за да се заштитат потенцијалните напаѓачи кои се прикрадуваат одзади.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.