Неколку начини како да се заштитиме од загадувањето на воздухот

0

Последните години, како што температурите опаѓаат, така загаденоста на воздухот се зголемува до алармантно ниво. Состојбата никако да се подобри, а ние и оваа година продолжуваме да дишеме смог.

Загадувањето на воздухот не смее да се игнорира. Во светот, бројни истражувања го наведоа токму загадувањето за причина на смртта на одредени поединци, а процентот на починати не е мал.

Професорот Холгејт од Саутхемптон Универзитет, откри дека хроничната изложеност на загадување придонесува за повеќето дегенеративни болести, како што се деменција, болест на белите дробови и срцеви заболувања.

Децата се изложени на најголем ризик од загадување на воздухот, бидејќи кај нив белите дробови не се развиваат целосно се до доцните тинејџерски години. Исто така, децата вдишуваат повеќе по килограм телесна тежина, во споредба со возрасните, па загадениот воздух може да биде особено штетен за нивното понатамошно развивање.


Се шири паника, бидејќи се соочуваме со невидлив пријател што никој од нас не може да го контролира. Нормално, ние не можеме да имаме клучна улога во прочистувањето на воздухот, но сепак можеме да превземеме мерки за да се заштитиме од загадениот воздух.

Во прилог, погледнете неколку начини за заштита од загадениот воздух…

1. Проверете ги нивоата на загадување на воздухот во вашиот град и бидете во тек со промените. Тоа можете да го направите онлајн.

2.  Настојувајте да останете во затворен простор доколку имате информации дека загадувањето на воздухот е високо во вашата област.

3. Инсталирајте домашен филтер за воздух што го блокира загадувањето на воздухот. Менувајте го филтерот на секои три до шест месеци, во зависност од препораките на производот и нивото на загаденост.

4. Правете вежби за дишење – Научете ги вашите деца да го прават истото, за да се подобри капацитетот на белите дробови и со тоа да помогнете во борбата против штетните ефекти од загадувањето на воздухот, како на пример…

Бастрика Пранајама е јога вежба за дишење која помага во детоксикација на белите дробови.

Капалбати е уште една таква вежба за дишење која ги прочистува белите дробови и телото.

Најдобро е да ги практикувате овие вежби во затворен простор.

5. Маска за лице – Доколку нивото на загаденост во вашата област е на многу високо ниво, а вие имате нужна потреба да го напуштите домот, користете висококвалитетна маска за лице со висок процент на заштита од загадениот воздух.

6. Одгледувајте растенија во домот. Голем број на растенија помагаат во чистењето на воздухот преку создавање на големи количества кислород и чистење на мувла, како на пример алое.

7. Откажете се од пушењето. Нема да направите промена во светот и општата загаденост, но ќе ги заштитите членовите на вашето семејство. Ако сте страстен пушач, дури и во домот, размислете дека кога ќе ја отворите вратата или прозорецот за да влезе чист воздух, всушност просторијата ја исполнувате со смог, а чадот од цигарите е исто така штетен и може да развие фиброза и оштетување на ткивото на белите дробови.

Доколку чувствувате дека ви е тешко веднаш да ги оставите цигарите, за почеток доволно е да ги намалите.

8. Кренете ја свеста на народот. Незнаењето е најголем непријател, затоа погрижете се да дознаете што повеќе за параметрите за мерење на загадувањето на воздухот и како тие варираат во вашиот град или населба. Разговарајте со пријателите, соседите, колегите на работа. Дискутирајте на училишните совети или организирајте некаква кампања.

9. Променете го начинот на исхрана, за да им помогнете на вашите бели дробови да ги издржат влијанијата од загадениот воздух. Внесувајте храна богата со витамини, како на пример:

Витамин А и бета-каротин – маргаринот, слаткиот компир или морковот.

Витамин Ц – портокали, грејпфрут или брокула.

Витамин Е -зелен зеленчук, житарици, жолчки од јајце, путер или растителни масла.
Исто така, конзумирајте повеќе храна што содржи селен – јајца, кромид, лук или риба…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.