Неколку начини да си го смените животот за 30 дена

0

Познато е дека потребни ни се триесет дена за да стекнеме нова навика.

Секако, најтешкиот дел е почетокот. Но, со мотивација и цел која ќе води кон стекнување на одредена навика можете сè да постигнете.

Ви нудиме листа на неколку нови навики кои имате шанса да ги стекнете во период од месец дена и кои ќе ве направат во целост нова, поинаква, посреќна и подобра личност.

Не плашете се, не мора да ги воведувате сите навики. Одберете две – три и само по кратко време ќе ја почувствувате разликата. Ќе бидете подобро расположени, посреќни и позадоволни од себеси.

Употребувајте зборови кои создаваат чувство на среќа

Секој може да се жали и да бара виновници за своите проблеми. Наместо тоа, пробајте во следниве триесет дена, секој ден да употребувате по неколку реченици кои ќе ве направат среќни вам и луѓето околу. На пример, повторувајте дека сте среќни поради одредена причина, со пријателите споделете што убаво ви се случило денес, потсетете се дека сте здрави и живи.

Секој ден испробувајте нешто ново

Разноликоста е зачин за да го направите животот вкусен и да ги разгалите сетилата. Пробајте да испробувате нешто ново секој ден. Ова не значи дека секој ден би требало да отпатувате на нова дестинација. Сите знаеме дека тоа е по малку невозможно. Едноставно, почнете од ситниците, пробајте да научите нешто ново, изгледајте нов филм, читајте нова книга, разговарајте со некоја непозната личност, одете кон работа по патот по кој досега не сте оделе. Оваа метода освен што ќе ве направи подобро расположени, корисна е и за мозокот и неговата виталност.

Секој ден направете нешто добро

Поставете си за цел секој ден од следниот месец да направите нешто добро: донирајте во хуманитарни цели, споделете го ручекот со старата бабичка која живее сама во станот до вашиот, волонтирајте во дом за старци или детска градинка. Можеби ви се чини како премногу, но стекнување на навика секој ден да направите нешто хумано ќе ве направи подобри и посреќни луѓе.

Посветете еден час дневно на она што сакате да го правите

Имате ли хоби или немате време за тоа? Каков е вашиот социјален живот? Го запоставувате ли поради работата и домашните обврски? Време е да го променете тоа. Секој ден, најдете шеесет минути за да го правите она што го сакате или да поминете час време со саканите. Одвојте шеесет минути за вашата најдобра другарка или за вашето хоби.

Однесувајте се љубезно кон сите

Старите рекле: „Убавиот збор – железни порти отвора.“ Има многу вистина во мудроста на нашите баби и дедовци. Бидете љубезни со сите, дури и со оние кои се груби. Љубезноста е карактеристика која ја имаат емоционално силните луѓе. Нека сите ве паметат по убаво.

Трудете се да бидете позитивни

Вистинските победници во животот се потпираат на нивните оптимистички размисли. Без разлика на тоа во колку тешка ситуација се наоѓате, секогаш гледајте напред. Запомнете дека после секој темен тунел, доаѓа светлината.

Запомнете дека се случува со причина

Дури и во моментите кога не ја знаете причината. Ако сте раскинале со дечкото, немјте да очајувајте, таму некаде ве чека подобар и поубав, ако не сте ја добиле посакуваната работа тоа значи дека таа и не била за вас. Верувајте дека секогаш ве очекува нешто подобро!

Обрнете му внимание на животот

Животот се случува сега! Престанете да живеете во минатото. Секој ден повторувајте си дека треба да го живеете сегашниот миг. Бидете тука и сега со умот и телото.

Ослободете се од нередот

Постојано ги средувате вашиот дом и канцеларија и тие постојано се неуредни? Ако одговорот е потврден, тогаш веројатно чувате многу непотребни работи. Секој ден фрлајте по една ситница која не ви треба повеќе: изнисени алишта, стари весници, храна на која и поминал рокот на употреба, нефункционални предмети. По 30 дена ќе почувствувате дека имате повеќе енергија бидејќи нередот ја одзема енергијата.

Следните триесет дена не лажете

Вистината боли, но, таа е секогаш најдобрата опција. Пробајте следните триесет дена да не изговорите ниту една ситна или бела лага. Бидете искрени за сè и со секого. Ќе видите дека по 30 дена ќе се чувствувате многу подобро.

Будете се триесет минути порано секое утро

Прескокнете го утринскиот хаос и нервите така што ќе се разбудите триесет минути порано. Подгответе си кафе и испијте го на раат. Со оваа навика ќе ја избегнете утринската хаотичност, сообраќајниот метеж и доцнењето на работа.

Вежбајте секој ден

Не мора секој ден да поминувате часови во теретана. Доволна е и дваесет минутна прошетка за да се чувствувате добро во своја кожа.

Ослободете се од лошите навики

Консумирате ли брза храна секој ден? Зависник сте од цигари? Ослободете се од тие навики во следниве триесет дена и наместо нив стекнете некоја од горенаведените.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар