Неколку модели здолништа кои ќе ги носиме оваа пролет

0

Пролетта е време на промени, на внесување бои во гардеробата, на смелост и свежина која на сите ни е потребна после зимското сивило. Ова е период кога треба да се поднови облеката и да проба нов стил.

Модните критичари велат дека има неколку видови здолништа кои ќе бидат хит оваа пролет и во кои жените ќе уживаат.

Здолништето важи за женствен пристап кон облеката и затоа мора да се бира со внимание. Секоја жена знаеш точно што ѝ одговара и секако каде да го набави.

Ако минатата сезона носевме долги здолништа и фустани, плисирани и пенсил модели оваа сезона време е за промена. Новиот тренд вели дека сега на тапет се широките спектар модели. Плисето се уште ќе биде дел од аутфитот, но ќе се носи во комбинација со патики. Пенсил моделот исто така ќе биде во употреба, но не со многу висока половина и ќе биде исклучиво од провиден материјал, чипка или тенко плетиво.

Мини ќе се носи со одбрана облека, треба да биде во висикка над колената, а материјалот да биде од вискоза, платно, памук. Превртената кожа е еден од главните материјали и ќе се носи во форма на здолниште или кратка јакна со реси.

На голема врата се враќа тексас здолништето кое може да биде долго до под во А форма.

Пролетта може да почне!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот