Неколку детали на кои треба да внимавате кога го уредувате домот

0

Уредувањето на домот, особено на нов и невселен прстор секогаш создава еуфорија и е огромен предизвик. Но, внимавајте на неколку детали кога го уредувате вашиот дом како не би завршиле со нефункионални парчиња мебел и нешта кои едвај ќе можете да ги исчистите.

Бела боја на софата е чест избор, дава чиста и јасна слика на просторот и дозволува комбинирање со различни бои. Но, доколку одбирате бела гарнитура за вашиот дневен престој тогаш помирете се дека со фактот дека не би требало да внесувате храна и пијалак во дневната како не би го унишиле белиот намештај, бидејќи на бела софа дури и седење со нови фармерки може да остави флеки.

ureduvanje-na-dom (1)

Избегнувајте мебел со остри рабови доколку имате деца или ги планирате бидејќи претставуваат ризик не само за вшите деца, туку и за вас. Наместо тоа, одберете мебел со заоблени рабови.

Иако мермерот е апсолутно прекрасен, сепак тој брзо ја менува бојата и брзо се оштетува. Избегнете го кога го уредувате вашиот дом. Доколку сепак сакате да го имате, на пример, во кујната тогаш заштите го со чаршафи.

ureduvanje-na-dom (5)

Многубројните декоративни елемнети од типот „Направи сам“ може да изгледаат слатко кога ги гледате на Пинтерест, но доколку не сте креативни тогаш не почнувајте да ги правите бидејќи резултатот би бил потрошено време и пари и украс кој не личи на ништо.

Која е вашата омилена боја или дезен? Дали би ги носеле секој ден? Ова правило применете го доколку сте во план на ѕидовите да ставите тапети или да ги исфарбате во впечатливи бои. Силните бои и дезени го скратуваат просторот, па не се препорачливи за станови со мала квадратура.

ureduvanje-na-dom (4)

Бушавите“ теписи се навистина шик, но во никој случај не се практични. Да, тие ќе бидат пријатели на вашите стапала, но секогаш ќе собираат премногу ронки, прашина и ќе ви одземат многу време за чистење.

Опремување на домот по последна мода често е погрешен пристап во декорирањето. Сето тоа може да ве чини многу скапо и на крајот сома да имате комплетно нефункционален мебел кој едвај ќе сакате да го промените со нов.

Прозорците без завеси изгледаат модерно, но на лето, силните УВ зраци кои влегуваат низ стаклото може да го оштетат вашиот мебел во голема мера. Освен тоа, вашата дневна соба нема да изгледа комплетно. Доколку сепак не сакате класични завеси од ткаенина, размислете за вариолајт варијанта.

ureduvanje-na-dom (2)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот