Некои пријатели не се вистинските…

0

Нова британска студија покажа дека половина од нашите пријатели не ни се баш вистински и не сметаат дека сме им пријатели. Истражувањето во кое беа анкетирана повеќе од двесте студенти од САД, Европа и Израел покажа дека не сите луѓе кои ги нарекуваме пријатели се токму тоа.

Околу педесет проценти од нашите пријатели се во наше друштво само поради тоа што имаат некаква корист, што значи дека половина од нашите пријателски врски се реципрочни, односно колку даваме, толку земаме. И да, се се става на кантар.

Пред да започнете да пресметувате кои навистина ви се пријатели, експертите кои работеле на ова истражување потсетуваат дека има две златни правила на пријателството, односно ако со одреден пријател имате уште најмалку пет пријатели кои се заеднички и со кои комуникацијата ви е на исто ниво и имате сличен социјален статус, тогаш навистина сте пријатели со таа личност.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот