Некогаш Остров на проклетите – денес туристичка атракција

0

Спиналонга е мал ненаселен остров кој се наoѓа на Медитеранот и претставува една од најголемите туристички атракции на Крит. Во текот на летото, бројката на посетители достигнува и до 10 000.

Иако денес е атракција, во минатото ова место било страв и трепет за луѓето бидејќи ова бил островот на лепрозните, поточно последната колонија на лепрозни во Европа се наоѓала тука.

Последните заболени заминале пред 50 години, а како ова место изгледало за време на периодот на карантин, сведочи и еден редок видео запис.

Спиналонга е мал ненаселен остров кој се наoѓа на Медитеранот и претставува една од најголемите туристички атракции на Крит. Во текот на летото, бројката на посетители достигнува и до 10 000.

Иако денес е атракција, во минатото ова место било страв и трепет за луѓето бидејќи ова бил островот на лепрозните, поточно последната колонија на лепрозни во Европа се ноаѓала тука.

Последните заболени заминале пред 50 години, а како ова место изгледало за време на периодот на карантин, сведочи и еден редок видео запис.

Спиналонга се наоѓа неколку стотини метри од североисточното крајбрежје на Крит. некогаш бил полуостров, денес остров.

Во минатото бил под власта на Венеција, се до 1579 година кога на рушевините на акрополот изградиле своја тврдина која што им служела за одбрана од Турците се до 1715 година. Всушност, тие го направиле остров, прекинувајќи ги сите врски со копното.

Сепак, тоа по што е најпознат островот е мрачната историја во првата половина на 20 век кога Спиналонга станала колонија на заболени од лепра.

За таа цел е користен од 1903 до 1957 година. И денес, кога ќе пристигнете на островот, за да влезете во него, штом слезете од бродот, поминувате низ низок и долг тунел, кој е познат под називот Дантевата капија. Тој назив е даден во чест на писателот на „Пеколот“, Данте Алигери, бидејќи заболените од лепра не знаеле што ќе се случи со нив, а враќање назад немало. Исплашени од болеста и приказните кои кружеле за ова место, локалните жители го нарекле „Островот на проклетите“.

Сепак, сите оние кои мислат дека ова било место каде што луѓето ги оставале да умрат во беда, се лажат.

Болните тука живееле во добри услови, со оглед на околностите. Редовно имале достава на храна, лекови, свеж зеленчук и овошје. Благодарение на Англичаните, на Спиналонга бил донесен и генератор, така што на островот имало електрична енергија. Еднаш неделно се одржувале театарски претстави, а имале и кино.

Забележани се случаи кога здрави луѓе, заради немаштија и беда, тајно доаѓале на островот за да живеат.

Последниот жител бил свештеник кој си заминал во 1962 година. Во спомен на времето, денес го посетуваат и мал број на луѓе кои се живи, излечени и си заминале од Спиналонга.

Извор: stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот