Нејзиното височество Шеика Мозах бин Насер

0

Со години наназад таа претставува синоним за стил и убавина пренесена преку нејзината појава – Шеика Мозах бин Насер, сопругата на катарскиот Емир Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани. Таа е втора од неговите три жени. За него се омажила во 1977 година, на 18-сет година возраст. Нивниот син Тамим бин Хамад ал-Тани, иако не првородено дете на катарскиот владател, тој е прогласен за престолонаследник, а ја носи и титулата Емир. Инаку мајка е на вкупно седум деца, пет синови и две ќерки.

sheikamozahbintnasseralmissned7

Оваа жена крие многу причини за воодушевување. Претседател е на Катарската Фондација за образование од 1995 година, како и на арапската демократска фондација и е престседател на Врховниот совет за семејни работи од 1998 година. Ова се само дел од активностите кои се нижат во нејзиното портфолио бидејќи нејзината социјална активност е сеприсутна.

Модниот свет секогаш се поклонува пред нејзиниот безпрекорен стил, а се најде и на страниците на Vanity Fair за најдобро облечена жена во светот. Со секоја нејзина појава дава јасен став дека и долгите здолништа се еднакво заводливи како и кратките. Секогаш е облечена во светли и впечатливи бои. Единствена меѓу кралските семејства која секојдневно носи облека од големите дизјанерски имиња како Valentino, Chanel, Givenchy и Dior.

Жена, мајка и сопруга за почит – Шеика Моза бин Насер

aa0e7356b28ae202c17c6a54ce4eb0f72010-03-31-MOZAH

hrh-sheikha-mozah-world-universe-ladies-model-high-couture-dress-first-lady-pm-wife-prime-minister-president-malta-doctor-gozo-clinic-private-medical-health-care-maltese-islands-sheikh-q2010-04-08-mozah2
543fef2fcecce_-_tnc-sheikha-mozah-lgsheikha-mozah1

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.