Негувајте ја кожата на лицето со арганово масло

0

Природното арганово масло потекнува од топлите, пустински предели на егзотичното југозападно Мароко и е подготвувано на  традиционален таинствен начин. Маслото на убавината потекнува од широко разгранетото дрво од видот Argania spinosa уште познато како aрган. Ова дрво расте илјадници години и токму  поради неговиот спор раст е ендемски вид во пустинските предели на  југозападно Мароко. Аргановата шума која покрива повеќе од 8,280 км2  е национално мароканско богатство и е заштитено од страна на УНЕСКО.

Иако е познато како средство за нега на коса, аргановото масло може се употребува и за нега на лице. Со векови наназад, жените од Мароко, го користат ова масло, за да ја задржат кожата свежа и млада. Ова масло, кое го спречува стареењето на кожата и појавата на брчки често е нарекувано и еликсир на младоста.

Аргановото масло содржи антиоксиданси, витамин Е и есенцијални масни киселини кои одлично ја потхрануваат кожа.

Ова масло ќе ја хидрира и најсувата кожа и ќе ја заштитува од слободните радикали и другите штетни влијанија од надворешната околина. Аргановото масло може да го користат и жени со мрсна или комбинирана кожа, затоа што ова масло ја контролира продукцијата на маснотии од вашите потни жлезди.

Бидејќи не ги затвора порите, ова масло е одлично во борбата со акните и црнките. Маслото е нежно, па така може да го користат и лица со егзема, псоријаза или црвенило.

Нанесувајте го два пати дневно, наутро и навечер за максимални резултати веќе по шест недели употреба.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот