Негувајте ја кожата во 3 чекори

0

Кога станува збор за нега на лице, сите ние сакаме истата да ја довериме на проверен бренд. Токму затоа, овојпат ве потсетуваме на системот за длабинско чистење на кожата во 3 чекори на Clinique.

Првиот чекор е Liquid Facial Soap

Овде со помош на сапунот, нежно ги отстранувате нечистотиите од лицето, мастите и остатокот од шминката. Го враќа чувството на удобност без затегнување. Се користи два пати на ден, по отстранување на шминката.

Вториот чекор е Clarifying Lotion

Лосионот, покрај тоа што го чисти лицето, помага во процесот на обнова на површинскиот слој на кожата. Овој лосион се користи наутро и навечер откако ќе ја исчистите кожата. Се става мала количина и со едноставни и нежни движења се нанесува на целата кожа, избегнувајќи го пределот кај очите.

Третиот чекор е Dramatically Different Moisturizing Lotion+

Овој лосион лесно и брзо се впива во кожата , ја дополнува изгубената влажност и ја зајакнува кожата за 54% за само 8 дена.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот