Негувајте ја косата со домашни маски

0

На вашата коса ѝ е потребна постојана нега, особено кога надвор е студено, па таа лесно се оштетува, се суши, а врвовите пукаат. Доколку ви е здодеано од балзамите за коса, можете дома да си направите маска која ќе ја заштити вашата коса, нема да ве чини многу, а ќе биде подеднакво ефикасна како и маските за коса што ги купувате.

Какви маски се најкорисни во зима?

Маска од авокадо

Изблендирајте едно авокадо со две лажици млеко и малку маслиново масло. Кога ќе добиете мазна смеса, нанесете ја на косата и оставете ја да отстои барем половина час. Таа ќе ја хидратизира вашата коса и ќе ја направи посјајна.

Маска од јајце

Измешајте жолчка од јајце со две лажици маслиново масло, една лажица млеко и малку лимонов сок. Оваа маска е одлична против првут и за зајакнување на испукнатите врвови. Освен тоа, вашата коса ќе прими витамин А кој го има во јајцето и предизвикува побрз раст на косата.

Маска од банана

Бананите содржат витамини кои влијаат на растот на косата, па оваа маска е одлична за девојките кои сакаат да постигнат побрз раст на косата за кус период. Изблендирајте две банани со една лажичка маслиново масло и една лажичка мед. Оставете ја маската на косата 5 минути, а потоа исплакнете. Ваквата маска ставајте ја на косата барем два пати неделно.

Маска од рицинусово и маслиново масло

Маслиновото масло помага во опоравувањето на испуканите врвови и ако косата ви е крута. Измешајте во чаша лажица рицинусово масло кое ќе го потпомогне растот на влакното од коренот и лажица маслиново масло кое ќе се погрижи за уништените врвови, па нанесете го косата. Исплакнете ја косата по околу половина час.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот