Негувајте го лицето на природен начин, со козметиката на Dr. Schrammek во салонот за нега и убавина „Полена“

0

Козметиката на Dr. Schrammek е правена на база на природни состојки, дерматолошки тестирани билки кои помагаат при различни видови на проблеми со кожата.

Во салонот за нега и убавина „Полена“ во Скопје, како новитет е презентирана оваа козметика, под стручно водство на Силвана Милошевска, консултант за нега на лице и тело.

Г-ѓо Милошевска, за каков третман станува збор?

Ова е третман кој што се препорачува во текот на целата година, односно станува збор за третман за хидратација кој е препорачлив за лица од 25 години па нагоре. Ја хидрира кожата, ја подготвува за друг третман, кој можеби е појак, кој е повеќе за друга проблематика, како на пример третмани за флеки, за лузни, третмани против стареење. Во кратки црти, овој третман е основа на секој нареден што следи, базен третман за добра подготовка на кожата.

Подготовката на лицето се случува на самиот третман, единствено се случува понекогаш доколку имаме лице со конкретна проблематика, акни или митесери, тогаш има некои производи кои што се даваат за домашна употреба. Тие се нанесуваат на лицето една до две недели пред самиот третман, се со цел да биде ефикасноста поголема. За сите останати ситуации, подготовките се прават на лице место.

Колку време трае процесот, како изгледа целата постапка?

На почеток, лицето секогаш се чисти темелно, се дезинфицира, а понатаму се зависи од потребата на кожата која се третира. Врз база на тоа одлучуваме, кој третман ќе следи. Овие третмани се единствени бидејќи само со козметиката на Dr. Schrammek се добива посакуваниот краен ефект. Важно е да се напомене дека станува збор козметика која е во целост на природна база, билките се природни, може дури и да се јадат. Не постои опасност да се појави алергија. Тоа се 9 сушени, мелени билки кои што се употребуваат во третманите.

Што се нанесува на лицето по отстранување на маската?

На самиот крај, следи процесот на завршна нега. Тоа значи дека во зависнот од кожата се нанесува соодветна крема, а потоа секогаш ставаме тонирана крема која ја користиме во сите третмани бидејќи има смирувачко дејство, а воедно ја хидрира и самата кожа.

За да бидат третманите ефикасни до крај, ние секогаш препорачуваме да се користи истата козметика секојдневно, во домашни услови, односно производите на Dr. Schrammek. Клиентите доаѓаат еднаш до двапати во месецот во нашите салони, но негата мора да продолжи по завршувањето на активниот третман.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.