Негувајте ги ноктите… секогаш!

0

Дали сте и вие една од оние жени кои мачат мака со ноктите? Ако сакате да го избегнете „листањето“ на ноктите, пукањето и кршењето, имаме неколку важни совети за вас.

Внесувајте доволни количини протеини и јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук.

Не ги грицкајте ноктите. Така се оштетува и ткивото околу нив, а и најмалата повреда им овозможува на бактериите да се населат на прстите и да предизвикаат инфекција.

Сапунот и водата ја сушат кожата, ама ги сушат и ноктите. Ако често ги миете рацете, задолжително употребувајте сапун со неутрална pH вредност, а по миењето внимателно и убаво исушете ги.

Кога нанесувате крем на рацете, не заборавајте да го втриете и на ноктите, бидејќи на тој начин го хидрирате и ноктот. Настојувајте да нанесувате хидрантен крем и на рацете и на ноктите по секое миење, ама и пред спиење.

А доколку не можете сами да се погрижите за сè, во тој случај оставете ја работата на професионалци – наше предлог е тимот на MJ Diamond Nails.

Секогаш одете на проверена варијанта и нема да погрешите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.