Неговиот инстаграм прекар гласи „г-дин крадец на баби“- кој е Ирвин Рендал?

0

Возрасните мажи станаа вистински хит на интернет и фасцинираат со нивниот начин на живот и стил што ги прави уникатни и интересни. Тие се новиот „феномен“ на социјалните мрежи.

По танцот на Италијанецот Џанлука Ваки сега е тука и Ирвин Рендал кој преку ноќ стана вистинска сензација откако некој ги сподели неговите фотографии на Твитер.
Тој е 54 годишен учител по математика од Хјустон, Тексас кој стана препознатлив на интернет по прекарот @MrStealUrGrandma.

Capture
Неговата тајна на брзата популарост е во доброто држење на телото, вкусот и веројатно харизмата. Тој редовно вежба во теретана, добро е облечен и има неверојатен машки шарм.
Вели дека од секогаш сакал убаво да изгледа и да се облекува и дека е многу изненаден од популарноста на сопстевното лице меѓу корисниците на интернет.

Неговиот инстаграм профил има повеќе од 120.000 следбеници, а во продлжение ви го претставуваме „ Крадецот на баби“. 🙂


При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар