Недостаток на железо во исхраната – превенција и совети за родителите

0

Железото е важна состојка за растот и развојот на детето. Железото помага целото тело да биде снабдено со кислородот од белите дробови и им помага на мускулите да складираат кислород. Недостатокот на железо во крвта на децата може да влијае на развојот и да доведе до анемија.

Доколку недостатокот на железо кај децата не се третира правилно и редовно, може да предизвика физичко и психичко успорување во развојот.

Колку железо им е потребно на децата?
Бебињата се раѓаат со доволно железо, складирано во нивните тела, но потребно е постојано дополнително количество на железо за нормален раст и развој на децата.
Подолу даваме преглед на потребите од железо кај различни возрасни групи:


Најголемите ризици од недостатокот за доенчиња и деца се:
Децата кои се родени прерано – повеќе од три недели пред рокот или кои имаат помала тежина при раѓање.

Бебоњата кои пијат кравјо млеко пред да наполнат 1 година.

Доенчињата кои после 6 месеци не внесуваат храна која содржи железо.

Бебињата кои пијат адаптирано млеко без утврден процент на железо.

Децата на возраст од 1 до 5 години кои дневно пијат повеќе од 710 мл кравјо, козјо или сојно млеко.

Децата кои имаат одредени здравствени проблеми, како хронични инфекции или се на одредена диета.

Деца на возраст од 1 до 5 години кои биле изложени на олово.

*Девојчиња во пубертет се исто така изложени на поголем ризик од недостаток на железо бидејќи нивните тела губат железо за време на менструацијата.

Знаците и симптомите на амнезија предизвикана од недостаток на железо можат да бидат:
-бледа кожа
-умор и слабост
-успорен когнитивен и социјален развој
-воспаление на јазикот
-потешкотии во одржување на телесната температура
-зголемен ризик за инфекции
-необични потреби за состојки кои не се хранливи, како лед и кал

Можете да проверите дали вашето дете има недостаток на железо преку крвна анализа. Американската асоцијација на педијатри (ААП) препорачува сите деца да се тестираат од недостаток на железо и анемија во период од 9-12 месеци, а оние кои имаат некаков ризик, тестот треба да се повторни во подоцен период. Зависно од резултатите, детскиот лекар може да препорача орален додаток на железо или дневна мултивитаминска доза.

Извор: roditeljstvo.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот