Неактивните вируси од минатото и денес можат да ни предизвикаат проблеми

0

Во внатрешноста на нашиот генетски код постојат неактивни вируси или нивни фрагменти кои ги имаме добиено од нашите предци. Но, тимот научници од универзитетот во Мичиген и универзитетот Туфс, открил 18 нови вируси од кои еден може да стане активен доколку му дозволи организмот на носителот на вирусот.

Тие дошле до заклучок дека 36 различни вируси се насобрале во човечкиот геном во процесот на еволуцијата. Меѓутоа, на кој начин тие успеале да влезат во нашиот генетски код?

Вирусот за да се репродуцира го користи ДНК-то на домаќинот, а својот постоечки ДНК го имплементира во клетките на заразената личност. Со делењето се формираат нови клетки во домаќинот, а со тоа и нови низи на ДНК, па истовремено доаѓа до размножување на гените на вирусот. Наоѓајќи се во новите клетки, генетскиот материјал на вирусот се активира, претварајќи се во вистинска фабрика, а потоа го вметнува својот ДНК во уште поголем број на клетки.

Иако имунолошкиот систем понекогаш успева да го победи вирусот, тој не е во состојба да се ослободи од деловите на вирусот кои претходно настанале во ДНК на заразената личност.

За време на преносот на неактивниот ДНК од генерација на генерација, доаѓа до мутација на наведениот со што тој додатно ја губи способноста за потенцијална активација. Сепак, ако се активираат делови од вирусната ДНК, тие се во состојба да му предизикаат сериозни здраствени проблеми на поединецот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот