Не треба да банкротирате заради празничната гардероба

0

Луѓето веруваат дека во времето на празниците треба да потрошат многу пари на подароци или на гардероба. Тоа навистина не е неопходно. Може да се облечете убаво, а воопшто да не направите долгови кои ќе ги враќате цела година.

Празничната гардероба не мора да биде скапа. Често пати и не мора да давате воопшто пари за неа. Доволно е да го отворите плакарот и да го искомбинирате тоа што веќе го имате. Ова е само практично решение кое понекогаш го применуваат и стилистите. Немате конкретна идеја?

Ви препорачуваме да се облечете во иста боја од глава до петици, па облеката ќе ви делува како да е комплет. Ова изгледа убаво, посебно ако комбинацијата е во црна боја која делува свечено.

Или искомбинирајте бели панталони со бела кошула. А можеби ќе се решите за боја која не се гледа многу често на свеченостите, на пример розова или корална блуза со здолниште во истата боја.

y

Бидејќи е во прашање свечена облека, кога ќе го разгледувате плакарот, побарајте парчиња кои имаат дискретен сјај, сјај каков што има мат сатенот или еленската кожа. Ваквата гардероба ќе ви даде елегантен, дамски изглед.

Асесоарите се задолжителен дел од гардеробата, но, избегнувајте ги брошовите во форма на елка, снешко или слични лудории.

Одберете дискретен накит кој ќе се стопи со вашата гардероба (ако е посвечена) или крупни и блескави парчиња ако носите еднобојна гардероба.

Бисерите се секогаш добар избор, или три алки нанижани на една рака. Не претерувајте со количината на накитот, зашто не сакате да изгледате како накитена елка.

Најважно од сè – кога ќе ги комбинирате парчињата облека, верувајте му на својот вкус наместо слепо да ги копирате другите. Така ќе изгледате убаво, ќе бидете уникатна, ќе се одвоите од масата наместо да изгледате како нечиј клон само затоа што некој ви рекол дека некое парче облека или накит е „ин“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот