Не се споредувајте себеси со другите, вие сте уникатни !

0

Во животот сите врски се важни, врската со партнерот, со родителите, со пријателите, со природата…но најважна е врската која ја имате со себе. Токму таа врска е онаа што треба најмногу да ја негувата за да може да придонесете за среќата на другите.

Личност што не се сака себе си, невозможно е да сака некој друг!

Како да се сакате себе, како да се вљубите во себе, ќе ви помогнат следниве неколку совети…

1. Вашите грешки се дел од она низ кое треба да поминете за да научите;

2. Не се споредувајте себеси со другите, вие сте уникатни, како и тие;

3. Откажувањето не е начин за да се постигне целта;

4. Застанете зад она во кое верувате, дури и тоа да не е „популарно“ меѓу луѓето;

5. Учете од луѓето кои ве критикуваат;

6. Прифатете ги вашите слабости како ваши „карактеристики“

7. Гледајте на минатото како биографија со авантури;
rsz_1unnamed-2

8. Не го потценувајте сопствениот талент се додека не се обидете 100 пати;

9. Не сте единствените што сте справувате со проблеми, светот е голем;

10. Интелигенцијата е релативна карактеристика, самодовербата не е;

11. Изразувајте ја лутината на креативен начин;

12. Бидете опкружени со луѓе кои сакаат да успеете;

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар