Не се чувствувај лошо за мене затоа што некои работи ги правам сам

0

Зошто се уште е социјално неприфатливо човек да прави работи сам? И зошто секогаш првата претпоставка е дека луѓето не сакаат да прават ништо сами?

Ок, до некаде е јасно од каде им доаѓаат овие мисли на луѓето: ние, како луѓе сме социјални суштества. Природно е да сакаме да ги делиме искуствата со други луѓе. Социјализацијата и разговорот е начин на кој ние созaдаваме пријателства.

Како и да е, ми пречи идејата дека некој ја смета за лоша одлуката ако друга личност сака да прави нешто сам. Некои работи како вечера надвор од дома и кино се сметаат за посебно социјални активности. Но, да се види некој надвор сам, не треба да се етикетира како осамен или пак како личност која нема пријатели.

Вусшност, сметам дека имаме целосно право да посакаме да бидеме сами кога не сме расположени за друштво. Во текот на денот константно сме изложени на разни форми на активност преку екраните и бомбардираи со информации кои не ги бараме. Покрај тоа, мораме да имаме реална комуникација со луѓето околу нас. Тоа е заморно, без разлика дали станува збор за интровертна или екстровертна личност.

Но, кој вели дека ако ја поминеш неделата гледајќи серии и нарачувајќи пица е дозволено, но ако сакаш да излезеш надвор и да јадеш пица некаде сам е лоша работа?

За мене, ручек или вечера надвор е како награда на крајот од денот. Тоа е време кога се посветувам на себе и на сопствените мисли. Сакам да го ценам тој момент.

Сè се сведува на тоа дали како личност ќе дозволиш да ти влијае мислењето и наметнатите ставови или не. Покрај сè, јас решавам да не бидам под влијание на сето тоа, бидејќи луѓето секогаш ќе судат без разлика дали ги исполнувате нивните очекувања или не.

Извор:brightside.me

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.