„Не постојат грди жени, постојат само жени кои се рамнодушни кон себе“ – Estee Lauder

0

Кога ќе ја прашале Estee Lauder колку години има, таа одговарала на следниот начин:

Сакате да знаете колку години имам? Ќе ви кажам многу едноставно – не е важно.“

Гордо и достоинствено секоја година, со ист одговор на истото прашање. Прославите за нејзините родендени секогаш била организирана во нејзиниот дом во Источен Хемптон, во опуштено, лежерно издание,токму како што летото наложува. Вечерта, традицонално завршувала со роденденска торта, во атмосфера во која уживале присутните гости.

Estee Laudеr е родена на 1 јули 1908 година во Квинс, Њујорк. Нејзината козметичка кариера ја започнува продавајќи крема за лице создадена од нејзиниот чичко кој бил хемичар. После неколку години поминати во продажба, таа решава да ја основа Estée Lauder Cosmetics Inc. Во 1946 година. Останатото е историја. Таа полека почнува да се позиционира на козметичкиот пазар во Америка, а подоцна и низ целиот свет како бренд кој гарантира квалитет.

Estee Lauder почина на 24 април 2004 година. Компанијата која што ја изгради самата таа, во моментов е во сопственост на нејзиното семејство, кое успешно го продолжува патот и зацртаните цели на нејзиниот творец.

Во продолжение, некои од нејзините најпознати реплики, посветени на убавината на секоја жена:

Вашата желба да бидете убави не е замислена, таа е практична. Кога изгледате добро, добро и се чувствувате, а тоа значи дека сте потполно подготвени да го освоите светот!

Можеби времето носи нови брчки, но заедно со нив доаѓаат и карактерот и виталноста. Да бидете горди на својот изглед е сосема нормално.

Не постојат грди жени, постојат само жени кои се рамнодушни кон себе.

Шминката е прекрасен начин да станете поубава верзија од сами себе.

Убави сме точно толку, колку што се чувствуваме убави.

Убавината е став.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот