„Не постои начин да се заобиколи напорната работа – затоа прифатете ја“ Роџер Федерер

0
Фото: rogerfederer.com

Роџер Федерер е најстариот тенисер кој успеал да стигне на Гренд слем финалето, после Кен Розевел во 1974 година на УС Опен на возраст од 39 години.

Федерер секогаш знаел да ја испише тениската историја. Многу тениски критичари и негови колеги, го сметаат за најдобариот тенисер на сите времиња. Неговиот стратегиски настап и смиреност секогаш биле за воодушевување, а тоа во голем дел му помогна да ја изгради кариерата и да биде на врвот.

Роден е на 8 август 1981 година во Базел, Швајцарија во католичко семејство. Пред да почне да се занимава со тенис тој активно играл бадминтон и кошарка. Тениската кариерата ја започнува на 9 годишна возраст и тогаш сфаќа дека тенисот ќе биде неговата животна определба.

Додека растел, негови тениски идоли биле Стефан Едберг, Борис Бекер и Пит Сампрас.

Федерер е тенисерот кој успеал да остане на АТП листата рекордни 237 последователни недели, а од 6 јуни 2011 година е рангиран третото место од страна на Асоцијацијата на тениските професионалци. Уште еден рекорд кој го држи е бројот на на освоени титули на Гренд слем турнирите, 16 на број.

Меѓу неговите професионални успеси се впишани и 10 последователни учества во финалните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2005 до Отвореното првенство на САД во 2007), како и 20 последователни учества во полуфиналните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2004 до денес). Тој, исто така е и тенисерот со најголем број на победи на трева (65) и тврда подлога (56) во историјата на отворената ера во тенисот. Со победата на Ролан Гарос во 2009, Федерер стана шестиот тенисер кој победил на сите 4 Гренд Слем турнири.

Во 2016 година, по 12-ти пат, ја прими наградата „Stefan Edberg Sportsmanship“.

„ Roger Federer “ фондацијата е формирана во 2003 година. Фокусот на оваа невладина организација е на поддршка едукативните проекти во Јужна Африка и Швајцарија, а од нејзиното формирање се досега има собрано повеќе од 15 милиони долари. Што се однесува до хуманитарните активности, тој во 2005 година го стави на аукција неговиот рекет со кој играше на УС Опен во САД за да им помогне на жртвите од ураганот Кагтрина. Во 2006 година беше назначен амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Дел е од кампањите на УНИЦЕФ за подигнување на свеста кај луѓето во борбата против сидата. Ова се само дел од хуманитарните активности на Федерер.

Во приватниот живот, тој е во брак со поранешната тенисерка Мирка Федерер. Двајцата се запознале за време на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, а на 11 април 2009 година ја озаконија и нивната врска со брак. Заедно ги имаат близнаците Мајла Роус и Шарлин Рива, кои се родија во јули 2009 година, а во 2014 година на свет го донесоа и нивните две други деца, исто така близнаци, Лео и Ленарт.

Роџер Федерер е играчот кој го носи називот најдобриот играч на сите времиња, не само од неговите фанови, туку и од тениските аналитичари. Неговите успеси засекогаш ќе останат забележани во тениската историја.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот