Не постои лек против мамурлак – знаете?

0

Лек против мамурлак не постои, велат научниците. Попусто е и пиењето вода оти нема никаков ефект. Лековите против мамурлак генерaлно се мит.

Иако најчеста препорака за трезнење е вода, професорот Кипрос Кипри од Универзитетот во Њукасл, Австралија вели дека тоа е голема заблуда.

“Голем дел од луѓето, вклучувајќи се и себе си во таа група, пораснавме верувајќи дека треба да се пие што повеќе вода за да се намали ефектот на алкохолот. И тоа e во ред ако сакате помалку количински да пиете алкохол, но никако нема влијание на мамурлакот” – вели тој. Вака е објаснето ова: метаболизмот на алкохолот вклучува конверзија на хемиското соединение ацеталдехид или етанол.

Дали навистина лековите против мамурлак се мит?

Според интернет сајтот NHS(специјализиран за прашања од областа на медицината) не постои нешто како лек против мамурлак. Најдобар начин да ја одбегнете ваквата состојба е да не пиете, велат од таму.

Најраширениот мит е дека мамурлак се лечи со алкохол. Ернест Хемингвеј препорачал комбинација на сок од домат и пиво, а пак препораката на Kingsley Amis е Bovril (солена мешавина на екстракт од месо) и вотка. Иако рецептот алкохол со алкохол функционира на почеток, сепак тоа нема долготрајно дејство оти организмот мора да го процесира алкохолот од претходната ноќ.

Иако најдобар начин да се избегне мамурлак е да не пие воопшто, сепак научниците велат вака: ако веќе сте решиле да се напиете, тогаш немојте на празен стомак туку имајте оброк кој во себе ќе содржи јаглехидрати – како на пример тестенините или оризот. Така телото побрзо ќе го апсорбира алкохолот.

Избегнувајте темнообоени пијалоци кои содржат супстанци произведени во процесот на ферментација, а истите тие можат да влијаат негативно на крвните садови и ткивото на мозокот.

Не ги исклучувајте течностите во никој случај, но пробајте да не претерувате со алкохолот, бидејќи мамурлакот не само што не можете да го одбегнете, туку станува тешко поднослив во текот на годините.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот