Не се му лутете на вашето милениче ако ве закачка кога сте уморни. Само му недостигате

0
  • Доцниме на работа, забораваме да платиме сметки, не можеме никако да стигнеме во кино…Постојано сме во некаква трка со времето и забораваме на тие кои навистина ни значат во животот. И не мислиме на пријателите кои знаат да ни замерат за заборавеноста, туку на оние кои се секогаш тука да нè израдуваат со несебичната љубов. Ова е четиво за сите кои чуваат кучиња и кои понекогаш забораваат на нив заради дневните трчаници.
    Немојте да ги игнорирате предолго. Тие живеат само 10-15 години и секоја минута без вас е вистинска вечност.
  • Утешете ги кога се исплашени. Запамтете дека тие ве чуваат вас, но и вие нив.
  • Нема да биде крајот на светот ако еднаш задоцните на работа заради некоја минута плус со миленикот.
  • Не се лутете ако ве закачка кога сте уморни. Само му недостигате. Среќен е  што ве гледа.
  • Научете го нешто ново. И тоа е среќно кога ќе види задоволство на вашето лице ако направи нешто што сте го побарале од него.

3037279-poster-p-2-why-some-dogs-look-like-their-owners

  • Немојте да се фрустрирате ако не понекогаш не ве разбира. Никогаш нема да го совлада човечкиот јазик, но дава се од себе да се разберете најголем дел од времето. Наградете го за трудот.
  • Ако сте нервозни, или гушнете го или заобиколете го. И тоа не сака кога викате по него.
  • Немојте никогаш да го удирате.И тоа има заби со кои може да ве прегризе, но не ги користи за да ви наштети.
  • Не го оставајте надвор кога е премногу топло и премногу студено.
  • Верувајте му.
  • Секаде каде што можете носете го себе. Ќе ви биде благодарно.
  • Запамтете дека вие имате семејство, пријатели, колеги сè..тоа ве има само вас!

Кога веќе сте решиле да чувате куче, тоа е еднаков член на семејстовото, со исти права и потреби. Сакајте го безусловно и ќе ви врати со десет пати поголема љубов. Кучињата, а и сите домашни миленици се прекрасно дополнување во животот на секој човек – уживајте во тоа чувство.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.