Не му кажав дека сè ќе биде во ред…Само стоев и го гушкав силно

0

Срцето ми се стегна. Почувствував болка. Вистинска болка. Не можев да побегнам од тоа чувство на немоќ. А причината не бев јас, туку мојот син.

Дојде дома со трчање, беше на игралиште. Солзите му капеа една по друга и едвај разбрав што сака да ми каже. „Тие… тие… ми рекоа да си одам дома, дека не можам повеќе да си играм со нив!“

Сликите од моето детство ми навреа во главата, излегоа од моите најдлабоки сеќавања.

Таа болка од одбивање во основно училиште, се врати, овојпат уште посилна бидејќи сега не се работеше за мене, туку за моето дете. Се сетив на сите оние моменти кога децата ме задеваа дека сум слаба како глиста и ми се потсмеваа. Ми зборуваат дека не можам да бидам дел од тимот. Се сетив колку немоќно и осамено се чувствував.

И тоа болеше, бидејќи растењето боли.

А сега, кога моето дете го боли, мене ме боли уште повеќе.

А еве го и најтешкиот дел.

Децата не бараат да направите тие да се чувствуваат подобро. Ним им е потребно да ги слушате и да бидете до нив додека го преживуваат тоа. Очајнички сакав да можам да поправам се, да направам да се чувствува подобро, сакав таа болка да му исчезне.

Но, се воздражав бидејќи мојата работа како родител не е да поправам, менувам и да управувам со неговите чувства. Мојата работа е да му олеснам до онаа мера до која нема да го загрозам моментот тој сам да помине низ моментот и да го надмине.

Тука има уште една важна работа. Јас него го воспитувам да се оддалечи од мене. Доаѓаат времиња кога нема да можам да поправам се, да му ја избришам болката. Кога ќе дојдат тие денови, ќе мора сам да знае да управува со чувствата и да се соочи со тешките ситуации.

Можев да му речам „Тие се љубоморни… Ти си многу подобар од нив.. Ќе видиш како тие утре ќе те бараат…“ или што било друго за да се чувствува подобро. Можев дури и да одам толку далеку( а верувајте има и луѓе кои тоа го прават) и да побарам од тие другари да го вратат во игра. Можев да создадам фластер на неговата рана.

Еве во што е работата

Секое дете ќе проба да ги комунцира своите чувства. Децата не умеат да ги контролираат емоциите. Нив, очајнички им треба ситуација во која ќе ги изразат. Ако за тоа не добијат шанса, ќе вивнат како вулкан додека јадат, додека се подготвуваат да излезат или пак да спијат. Или пак, може да се случи кога ќе пораснат. Затоа, внимавајте потиснатите чувства да не ги помешате со размазеност.

Јас на мојот син му пријдов, земав длабоко воздух, пробав да голтнам кнедла во грло и да ја скријам болката. Му реков: „Си сакал да играш со нив, но тие тоа не го сакаат. Знам дека те боли. Многу, многу те боли.“

И едноставно стоев до тука до него дозволив тие тешки чувства да го обземат. Секоја пора на моето тело сакаше да му каже дека нешто со кое ќе направев да се почувствува подобро. Наместо тоа, седев до него и го гушкав.

После некое време, се смири и испушти длабока водишка. Звучеше како се да поминало, посебно кога рече: „Добро сум. Одам да играм со други деца.“

А мене ми остана само надежта дека ќе биде добро.

Еден ден, тој ќе порасне. Да се ставев во улога на негов заштитник тој ден, тоа би било како на инфицирана рана да залепев фластер и да се надевав дека ќе помине. А ќе направев поголем проблем.

Нема секогаш да бидам тука и да им зборувам на другите луѓе да бидат сочувствителни кон мојот син или пак да им кажам на професорите на факултет дека тој многу се трудел и треба да има повисока оцена.

Но, секогаш ќе бидам тука да го слушам. Бидејќи нему му треба токму тоа, да го слушам за да научи сам да управува со своите емоции во тешки ситуации и проблемите да ги решава САМ.

Извор: Зелена учионица

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.