Не го заборавајте никогаш, затоа што вашето Скопје нема да ве заборави вас

0

Мирна летна ноќ, дури и невообичаено тиха..прошетка низ маалото, а потоа дома на спиење. Затвораш очи во еден, а се будиш во друг свет каде што нема веќе ништо. Целиот живот во еден миг го снемува, луѓето кои до вчера беа до тебе, соседи и пријателите, сега ги нема, твоите блиски ги бараш во очајот од рушевините на тоа што некогаш било твојот град, домот кој си го градел со години.

1

Плач, неверување, страв и хаос по улиците на Скопје..Каде е мојот град, мојот дом, спомените кои толку посветено ги чувавме ги снема во еден ден. Најубавиот град на Балканот, градот со душа доби нов изглед кој не му прилегаше.

Но, не беше сам. Се крена светот на нозе и дојде помошта. Првата помош од војската и и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена подоцна пристигна помош и од спасувачки екипи од секаде. 87 нации од светот испратија помош, а главниот град стана “Град на солидарноста”

2

Скопје крвареше, но имаше кој да ги залечи раните. Имаше пријатели кои застанаа до него и како ранет војник го кренаа на нозе.

Утре Скопје одбележува 53 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Илјада луѓе го изгубија животот, а повеќе од 3000 беа повредени и останаа да се сеќаваат на големата несреќа.

Потсетник на времето е часовникот на старата железничка станица во центарот на градот, онаа која била една од најубавите. Таму стрелките се заглавени на 5 часот и 17 минути.

Skopje-bul-makedonija__1469459949_77.29.53.57

Секој ден, секое поминување оттаму и секој поглед кон часовникот како да сака да каже – немојте никогаш да заборавите, затоа што вашето Скопје нема да ве заборави вас.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот