Не ги терајте децата да се извинуваат со сила – така само правите поголема штета

0

Повеќето родители се мешаат во кавгите на децата. После наредните „престани“ и слично, обично следи уште една „извини се“.

И кога ќе послушаат и ќе кажат извини, децата тоа не го мислат. Едноставно им удоволуваат на родителите.

Лора Маркам, детски психолог и автор на книгата „Мирен родител, среќни браќа: Како да ја прекинете кавгата и израснете доживотни пријатели“, тврди дека таквите присилни извинувања имаат повеќе штета отколку корист.

Таквата постапка може само да ги разлути децата уште повеќе. А тие кои го примаа извинувањето, исто така знаат дека ништо не значи. Ако ги терате децата да кажат „извини“, само ќе направите погрешно да ја научат лекцијата, а тоа не го решава тековниот проблем.

Советот е да се причека детето да престане да се лути, а потоа да се извини. Треба да се концентрирате на комуникацијата, а не на самиот ритуал. Децата имаат потреба од помош за да ги изразат желбите и потребите, како и да научат да слушаат други луѓе.

Исто така, треба да ги поттикнувате да ги решаваат проблемите сами. Дајте им совет и бидете им пример, така ќе научат повеќе. Тоа значи дека и вашите извинувања мораат да бидат вистинити и од срце.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.