Не е до понеделникот, до нас е!

0

Ова се дел од причините зошто понеделникот е најомразен ден од неделата. Но, дали навистина имаме причина да не го сакаме овој ден? Дали сè е само во нашата глава?

Веројатно одговор е „да“.

Причината зошто овој ден е тензичен „сам по себе”  претставува лош изговор во нашата глава. Главниот проблем е во самата мисла која ја насочуваме кон овој ден.

Што да се направи?

Само да се промени пристапот и ставот. Толку.

Во понеделник започнува работната недела. Доколку веднаш ја започнете со негативен став и напнатост не е ни чудно што нема да постигнете никаков успех или пак ќе бидете под стрес цела недела.

Негативениот став потекнува од вашето лично внатрешно незадоволство и неподготвеност односно лошата организација да се справите со предизвиците кои ви претстојат.

Затоа наместо да му ја препишете титулата за лош ден, бидете организирани и справете се со предизвиците едно подруго. Поедноставете си го секојдневието и решавајте ги проблемите полека, без паника, чекор по чекор.

Преземете ги работите во ваши раце. Вие сте одговорни за сè она што ви се случува. Бидете менаџери во вистинска смисла на зборот.

Сè што ви е потребно е смиреност, организација и позитивен став додека останатите работи ќе си дојдат последователно.

Бидејќи организацијата е клучот за успехот, бидете организирани и бидете успешни.

Одговорно справете се со понеделниците и останатите денови од неделата и научете како подеднакво да го сакате секој ден. Со ваков став, самиот успех е неминовен.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот