Не би имала повторно 20 години за ништо на светот- Моника Белучи

0

“Не се потресувам поради изгледот. Не мислам дека е убаво да бидеш слаб “- Моника Белучи

Глумица која никого не остава рамнодушен со својот изглед, дури и во своите 50-ти години.

Мора да си признаеме дека сите ја обожаваме подеднакво, мажите би сакале да ја имаат покрај себе, а жените да бидат како неа. Покрај изгледот и талентот за глума, Моника е жена која зрачи со грациозност, интелект и став на вистинска дама. Никој не може да ги заборави сцените во “Малена“, каде доволна е нејзината појава за да засени се што постои околу неа. Дополнително предизвикувачки се нејзините ставови и познати изјави за животот и жената:

“ Не се потресувам многу околу изгледот. Не сметам дека да се биде слаба е убаво. Јас сум жена и имам стрии. И многу сум мрзлива. И никогаш не одам во сала да вежбам. И сакам да јадам чоколада и паста и да одам во ресторани со пријатели. Не сум опседната со тежината“.

“ Јас сум среќна личност бидејќи во животот сум сакана многу. Имам прекрасно семејство“.

“Да се биде актерка е сублимација на женственоста“.

“ Кога врската не функционира повеќе, ужасно е да останеш со некого кого повеќе не го сакаш“.

“Обично сум тажна кога нешто лошо ќе се случи. Но, јас не сум меланхолична личност. Многу сакам да сум присутна во сегашноста. Да бев животно, ќе бев мало маче. Тие сакаат да го живеат животот“.

“Отсекогаш сакав да имам деца подоцна. Мојата прва ќерка ја добив на 39 години, втората на 45“.

“Најважната работа кога имате деца е да им го дадете нив своето време. Всушност, тоа е се“.

“Понекогаш е тешко да завземеш женска главна улога, особено во акциони филмови покрај сите тие мажи околу тебе. Тие завземаат премногу место“.

0_e94a5_e62a5d13_XXXL

monica-bellucci-expecting-second-child-960x1456


Monica-Bellucci-Dolce-and-Gabbana-Makeup-Lipstick-video-backstage