Навикнете се да штедите

0

Најдобрата навика која може да ја стекнете во текот на животот е штедењето на пари. Колку тоа да ви звучи како невозможна мисија, сега е возможно. Само треба да направите план и стратегија како ќе заштедите. Применете некој од следниве предлози.

889b0302-80cf-40ab-8191-229ea4ffaefaНаправете математика за тоа колку се вашите месечни приходи, а колку се месечните расходи. На ставката расходи, ставете ги сметките, парите за храна и излегување, трошоците за мода и убавина. Од тоа што останува, определете една сума која секој месец ќе ја ставате настрана. И секој месец, држете се до таа сума, макар тоа и да значело да се откажете од купување на нешто што не е толку неопходно.

Бидете внимателни со промоциите. Промоциите во супермаркетите секогаш се смислени од некој одличен маркетинг агент чија намера е да ве натера да го купите производот, па често се случува да купите производ кој навистина не ви е потребен, бидејќи дома веќе имате неколку слични. Но, доколку е намалување на производ кој често се троши и има подолг рок на употреба, во тој случај исплатливо е да го купите бидејќи ќе заштедите некој денар при идното купување.

2b1deee9-3114-4fa7-9eac-1eec9dad79d3Направете план што навистина ви треба пред да ја земете платата. Шетањето со празен паричник е одличен трик за да заштедите некој денар подоцна. Разгледајте внимателно сè по продавниците, а дома направете детален список што навистина ви треба и од каде ќе го купите тоа. Кога платата ќе ви пристигне, упатете се до продавниците кои веќе сте ги опредлиле. Шетањето по продавници со штотуку земена плата ќе ве натера да купите работи за кои подоцна можеби ќе се покаете, а сте ги купиле во момент кога не сте мислеле многу на парите бидејќи сте ги имале.

На крајот од денот, во касичка, ставете ги сите монети кои ви останале во паричникот или чантата. Можеби ви звучи смешно секој ден во касичката да ставате десет или педесет денари, во рок од година – две, вие ќе заштедите значителна сума.

Најважно од сѐ е да си поставите цел за која ќе штедите. Така побрзо ќе се мотивирате да заштедите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.