Навики за витка линија

0

Кога практикувате некоја диета или пак упорно вежбате за да симнете некој килограм, добро е да знаете дека постојат мали трикови кои ќе ви помогнат побрзо да го согорите калориите и да ги стопите масните наслаги. Воопшто не се тешки, само треба да ви преминат во навика.

Вежбајте во друштво

Докажано е дека ако вежбате во друштво ќе слабеете три пати повеќе, отколку ако вежбате сами. Ново истражување покажа дека просечната жена слабее 5 килограми повеќе кога нејзините пријателки ja придружуваат во диетата или вежбаат заедно со неа.

Внесувајте калциум

Оние коишто редовно внимаваат на внесувањето на калциум во телото, согоруваат 2,6% повеќе калории од оние коишто не го прават тоа.

Слушајте релаксирачка музика додека јадете

Доколку слушате музика што ве релаксира, ќе ја џвакате храната со побавно темпо и ќе има доволно време за мозокот навреме да добие информација дека сте најадени.

Зачинете со цимет

Циметот го забрзува метаболизмот и со тоа помага во согорувањето на повеќе калории. Само половина лажичка цимет дневно (во млеко или кафе) може да ви помогне да губите по 1 килограм месечно.

Сецкајте ја храната

Луѓето сметаат дека исецканата храна е поголема во количина отколку кога не е исецкана и пoради тоа, консумираат и до 20% помалку калории.

Имајте секс

Сексот го забрзува метаболизмот, па така со секои 20 минути сексуална активност се губат во просек по 150 калории.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот