Навики кои и штетат на косата

0

Секоја жена посакува да има убава, здрава и сјајна коса. Па така, секогаш пробувате нови шампони и средства за стилизирање, некогаш кај фризерите оставате и мало богатство, но вашата коса веќе по следното миење изгледа безживотно. Каде е проблемот? Некои навики кои несвесно ги практикувате може премногу да ја оштетат косата и да направат таа да изгледа лошо, суво и оштетено.

Користите несоодветени средства за нега на косата

Поради игнорирањето на напишаното на етикетите, но и непознавањето на сопствениот тип на коса, многу жени користат погрешни продукти. Да го познавате својот тип на коса е важно за правилна нега на истата. На пример, шампоните наменети за сува и оштетена коса се премногу агресивни за нормалната и мрсната коса. Или доколку имате мрсна коса употребата на силиконски капки за нега само ќе ја влоши ситуацијата.

Ја миете косата секој ден

Многу девојки ја мијат косата буквално секој ден, но со секојдневното шампонирање само и правите контра услуга на косата. Косата изгледа најдобро кога природните масла од скалпот ги достигнуваат врвовите на влакната. Честото миење на косата води до сушење. Запомнете, колку почесто ставате шампон на вашата коса, толку помалку таа ќе сјае.

Не ја заштитувате од топлина

Доколку секогаш после миење користите фен за коса, фигаро или пегла за коса, неопходно е претходно да нанесете спреј или крема за заштита од топлина. Освен што ќе го заштитат влакното од штетната топлина, овие производи и дополнително го забрзуваат процесот на средување  на вашата коса.

Често ја носите косата собрана

Жените се големи љубителки на фризурата „коњско опавче“ затоа што таа е најбрз и најлесен начин да се постигне среден женствен изглед. Но, секојдневното врзување на коњско опавче на истото место на главата може трајно да ја оштети косата. Затоа трудете се што поретко да го носите, а кога веќе сте се одлучиле за оваа варијанта, опавчето секогаш врзувајте го на различно место од главата.

Ја третирате со хемикалии

Секоја жена сака да испробува нови нијанси на косата. Но, промената од една во друга боја знае да ја оштети косата. Доколку веќе сте одлучила да ја фарбате правете го тоа со фарби за коса без амонијак и нека има пауза од шест недели помеѓу две бојадисувања на косата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот