Науката вели дека можеме да бидеме уште посреќни

0

Последните научни истражувања на Универзитетот во Лондон докажаа дека само десет отсто од чувството на среќа е предизвикано од околината во која живееме и работиме, речиси педесет отсто од среќата зависат од генетиката, а цели 40 проценти од чувството на среќа и задоволство зависат од самите нас.

Науката покажа дека кога станува збор за среќата, само нашиот начин на живот може да не направи многу посреќни и позадоволни од животот кој го живееме. Затоа, експертите советуваат секојдневно да практикувате неколку активнсоти кои ќе ви помогнат веднаш да имате поголема доза на среќа во вас.

Научниците советуваат да танцувате, затоа што веселата музика ги ослободува хемикалиите во мозокот кои придонесуваат за подобро расположение. Инвестирајте во искуства, а не во скапи добра. Доколку се двоумите помеќу патување и скапи чевли, одберете го патувањето. Прекинете да се облекувате монотоно, додадете боја во вашиот плакар, почесто носете жолта боја, бидејќи неколку истражувања имаат покажано дека таа ги прави луѓето највесели. Посветете се на себеси, одберете медитација, масажа или добра книга. И научниците советуваат да се гушкате, бидејќи утврдено е дека лужето кои се гушкаат најмалку четири пати дневно се за 60% посреќни од оние луѓе кои воопшто не се гушкаат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар