Науката вели дека луѓето кои имаат сестра се подобри личности

0

Имам сестра. Се согласуваме одлично. Иако, како деца имаше многу расправии и кавги, сега тоа е сведено на минимум. Тоа е сосeма нормално, видејќи се сакаме премногу. Науката вели дека да се има сестра те прави да бидеш подобра личност.

Резултатите од едно вакво истражување од 2010 година се објавени во The Journal of Family Psychology. Истражувањето вклучува 400 семејства во кои има повеќе членови (браќа и сестри), најмногу на возраст од 10 до 14 години. Резултатите покажале дека да се има сестра влијае позитивно врз менталното здравје.

Оние кои имаат браќа или сестри имаат поголем капацитет за емпатија, комуникација и решавање конфликти. Laura Padilla-Walker, универзитетски професор вели дека дури и кога доаѓа до конфликт се додека може да се реши, позитивното ќе исплива на површина.

Дури и кога се караат меѓу себе, тие мора да научат да ги контролираат емоциите. Таа нивна доблест во иднина е многу полезна низ животот. Конфликтите брзо се забораваат бидејќи сестрите разговараат повеќе и подготвени се да простат и заборават се што се случило.

Да се има сестра значи да не се биде сам. Проблемите кои настануваат во животот може побрзо да се решат, бидејќи таа е секогаш тука да ве ислуша. Чувството дека имате постојано некој покрај себе кој ќе ве поддржи и советува влијае најмногу врз вашето здравје и личноста во која ќе пораснете.

Извор: educateinspirechange.org

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.